Кралскиот клуб за последен пат даде седум голови за помалку од еден час во 1960-та година, во триумфот над Елче од 11-2. Денес за 55 минути, Кристијано Роналдо и другарите ја наполнија мрежата на Гранада. Португалецот за прв пат во кариерата даде пет голови на еден меч, од кои три за осум минути.