Таг: фотографии

Aпсолутно романтично

Го знаете клишето - таа и тој се среќаваат, се засакуваат, па нешто не штима, но сфаќаат дека ја нашле Големата љубов, и живеат среќно до крајот на животот. Жилиен Мов, француски фотограф, раскажува слична приказна, која во неговата верзија сепак нема среќен крај.

Сите (писатели) на точак!

Септември е идеално време за возење точак - застудува, дупките полека се полнат со дождовница, а возачите на автомобили и градски автобуси веќе одамна го имаат потрошено доброто, постодморско расположение.

Училишни фотографии на познатите писатели

Школските клупи само што се наполнија, се одржуваат првите родителски состаноци, а децата полека сфаќаат дека целата работа со нивното образование ќе потрае, и тоа со години. Но низ тоа мачење морале да поминат и големи книжевни умови. Еве избор од нивните школски фотки.

Чекајќи го автобусот

При секојдневното орање и копање по интернетов наидуваме на навистина чудни работи. Ама оваа е една од почудните.

Кога „јас" е некој друг

Уште не сме стигнале до таму, но насетуваме - ќе дојде момент кога ништо во огледалото нема да потсетува на нас. Смислил ли некој веќе такво со вграден Фотошоп?

Вашите купчиња

По нашиот повик да ги фотографирате и искоментирате книгите кои ви прават друштво летово, еве ги првите четворица кои ни ги испратија нивните фаворити. Поканата уште важи!

Што читавме, и што ќе читаме за однапред

Некој чита од сабајле, некој кога мора, а некој само летно време. Кои книги нам ни се влечеа по куфери, или уште ги м'кнеме по патишта, а кои вие?

Сите бои на кожата

Бразилската уметничка Анџелика Дас во својот проект под наслов Humanae ги класифицира и документира различните нијанси на кожа.

Не е Мунк, ама е крик!

За овој проект ви се потребни: камера која се активира кога некој ќе вресне, и врескач. Останатото се фотографии од тие фини, катарзични моменти.

Јадења за книжевни јунаци

Фото серија на графичката дизајнерка Дина Фрајд, со наслов „Фиктивни оброци" - она што го јадат ликовите во некои од познатите дела.

Славни читаат за славните

Кога ќе видиме некој познат како чита биографија на некој ист таков, уште попознат, некако ни олеснува - значи не сме само ние тој „плебсот" кој ужива во ѕиркање во туѓите животи.

Книгите разменети, полиците полни

Вчера (16.06) во „Камарите“ беа донесени и земени стотина книги. Благодариме на сите што дојдоа, се надеваме си најдовте нешто интересно. Книгите што останаа ќе бидат донирани во двата новоотворени клуба на Црвениот крст на град Скопје.

Најзгодниот дечко кој чита

Иако не одредивме рок, некако осетивме дека токму денес е добар ден да се објават резултатите од акцијата „Ем згодни, ем начитани“, во која ве повикавме да испраќате фотографии од згодни дечки кои читаат.

 

Ем згодни, ем начитани

Во обид за барем делумно балансирање на родовото фенг-шуи на сајтот, и по барање на нашите читателки, избор фини дечки, што читаат, и тоа книги. Плус повик за испраќање ваши слики - таа со најзгодниот читател според вашите гласови ќе биде наградена.

Откачени фотки на сериозни автори

Во сечиј живот има моменти кога е подобро наоколу да нема фото-апарати. Иако за некои од застапените автори веруваме дека знаеле и подобро, и повеќе отколку што е тоа регистрирано во архивите. Кога за нив велиме „сериозни“, мислиме на сериозно добри. Ако имате некоја слична од наши писатели, праќајте!

Глобален Цафуре

Во продолжение на темата за машката влакнетост (не, не воведуваме рубрика „Дечко на денот", барем не засега), избор од фини фотографии кои го овековечуваат моментот на контакт помеѓу мажот и неговиот бербер, кој е очигледно значаен во повеќе култури. Нешто како тимарење меѓу животните. Само што ова животно знае да ракува со брич, ножици и чешел.

Мачиња, пак

Ново во серијата „образовни мачиња“ - реплики на познати сликарски дела. Нели се слатки?

Забавата заврши, утрото донесе

Секогаш ми бил истовремено и меланхоличен и некако убав моментот кога некоја просторија, до скоро полна со луѓе кои се забавуваат, одеднаш се празни. Енергиите на исполнетите желби и изневерените очекувања сепак се сè уште тука, и кружат, како духови.

Татко фотограф

Џејсон Ли е фотограф кој парите ги вади од сликање венчавки и невести пред свадба. Џејсон има и две ќерки. Кога не можел да ги однесе ќерките да ја видат мајка му (која била дијагностицирана со рак), Џејсон почнал да ги слика малите. И уште не престанал.

Книгите изедени, наградите доделени

Вчера пак се собравме во „Пепер" и јадевме книги. Супер си поминавме.