Траги

Забавата заврши, утрото донесе

Секогаш ми бил истовремено и меланхоличен и некако убав моментот кога некоја просторија, до скоро полна со луѓе кои се забавуваат, одеднаш се празни. Енергиите на исполнетите желби и изневерените очекувања сепак се сè уште тука, и кружат, како духови.

Германскиот фотограф Андре Гајсман го документира „моментот во кој ноќта во клубот завршува, и гостите заминуваат. Тоа е мигот во кој трагите на изминатата вечер стануваат видливи. Клубовите под утринска светлина изгледаат како напуштени бојни полиња". Некако звучи како метафора за животот. Луѓето веќе ги нема, но нередот уште стои. Барем додека не дојде чистачката...

* музичка илустрација

 

 

 

 

29 април 2012 - 16:59