Фотографот Том Хасеј муабетел со Гарднер, пријател на татко му, ветеран од Втората светска војна, кога овој му рекол: „Уште се чувствувам како да имам 20. Потоа се погледнувам во огледалото и гледам некој непознат". Тоа го поттикнало да направи една фотографија на оваа тема, на која пред огледалото е самиот Гарднер, а во одразот млад и згоден манекен.
Една рекламна агенција ја видела фотографијата и го најмила Хасеј да направи кампања за лек за Алцхајмер - најчест вид деменција. Но не мора да страдате Алцхајмер за да имате некаква „замрзната" слика за вашето „вистинско јас". Тешко е да се прифати дека ова е променлив концепт, особено ако работата оди на полошо. Но дури и кога телото почнува да ве издава, радувајте се ако во огледалото сè уште гледате млад и весел човек, какви што се луѓето на овие фотографии.