De Klassieker, како што е познато вечното дерби меѓу Феенорд Ротердам и Ајакс Амстердам мина во напната и тензична атмосфера. По нередите во 1997. во кои загина едно лице и големите инциденти во 2005. година на Де Кујп во Ротердам, во 2009. година следуваше одлука со која се забрани присуства на гостинска публика во следните пет години. Во меч од купот синоќа, Феенорд славеше 1-0 со автоголот на Велтман.
Во неделата Феенорд ја совлада НАЦ Бреда 3:0, а уште во првите 10 минути судијата на два пати проверуваше дали топката ја минала гол линијата. Вториот пат му завибрира саатот по што го призна голот на Имерс за 1:0.
Во блицкригот низ Рим , ултрасите на Феенорд уринираа на Шпанските скали, сериозно ја оштетија фонтаната Баркача (неодамна реновирана со донација од 200.000 евра од Булгари), кршеа излози од продавници, уништија 15 градски автобуси и поголем број автомобили и веспи.
На клубот од Ротердам му следува драстична казна од УЕФА, откако по нередите во Рим, навивачите на Феенорд не се смирија ниту вчера на својот „Де Кајп“. Во Рим уништуваа фонтани од историска вредност, а вчера имаа расистички испади и неколку пати го прекинуваа дуелот со Рома.
Фудбалерите на Евертон ја спасија честа на англиските екипи во Лига Европа, откако Бешикташ на пенали го елиминираше Ливерпул, а Фиорентина го исфрли Тотенхем. Атлетико Билбао доби шамар од Торино, а Интер со минимален резултат го мина Селтик.
Феенорд и Фиорентина имаат поволен резултат пред вечерашните реванши против Рома и Тотенхем, кој примија гол на домашен терен минатата недела и практично ќе стартуваат со гол негатива.
5.000 навивачи на Феенорд пристигнаа во Рим за да го бодрат својот тим во Лига Европа, а ние и покрај тоа што знаеме дека има други случаи кога патуваат и по 15-20.000, им ја испочитувавме старата традицијата и ги пофаливме. Италијанските медиуми регистрираа две различни групи.
Со дуелите од 1/16 финалето, вечерва продолжуваат натпреварите во второто по ранг клупско европско натпреварѕвање. Дербито се игра на Енфилд Роуд каде гостува Бешикташ. Нашиот интернационален судија Александар Ставрев ќе ја суди Севиља - Менхенгладбах.
Во дерби натпреварот од 16. коло во холандската лига, ПСВ Ајндховен го победи Феенорд 4:3, а дуелот за малку ќе беше трагичен откако навивачите на ПСВ ја урнаа оградата за прослава на третиот гол на нивниот тим. За среќа никој не е повреден.
Премиерлигашот летово ги продаде најважните играчи, но и покрај тоа во моментов е трет на табелата, зад Челси и Манчестер Сити. Роналд Куман се испостави како право решение за изворот на таленти.
Бен де Граф го снимал дербито меѓу Феенорд и Ајакс кое се одигра минатиот викенд, а во неговата камера поставил хај-тек стрим рамка вредна 20 илјади долари. Преносната слика e како од ФИФА видео игрите, а еуфоријата на стадионот е доловена од повеќе кадри.
Со изразот на лицето и покажувањето на средниот прст, малиот е икона меѓу најмладите навивачи години наназад. Сте ја виделе на стотици приказни поврзани со страсно навивање.
Ова го може само италијански фудбалер или Кристијано Роналдо кои пред натпревар одат на фризер. Грацијано Пеле кој се најде во музејот на холандскиот тим, покрај топка, ги донираше неговите алатки со кои се разубавува пред да истрча на теренот.
Татко му е од Филипините, мајка му од Јамајка, тој е роден во Канада, настапува за холандската репрезентација, игра во англиската Премиер лига, но како позајмен играч за велшкиот клуб Свонси, а има договор со шпански Виљареал.
Страствен навивач на Феенорд на кого заради тешка и неизлечлива болест му се одбројани деновите, има последна желба, а тоа е да го посети својот омилен стадион уште еднаш.
Иако Ајакс е еден од клубовите со најдобра стратегија за создавање на млади таленти, новото освежување за „Лалињата" доаѓа од Феенорд, кој сезонава доби брзо актрактивно крило. Жан Пол Боетиус има само 18 години, а пред една недела беше двоен стрелец на гостувањето против Нец.
Навивачите на холандскиот клуб ја демонстрираа најкреативната идеја во чест на својот омилен тим. Феенорд е формиран во 1908 година, а на неделното дерби против Твенте го одигра 1908 натпревар во првенствотo. На платно со димензии 45x10 најверните фанови ги испишаа сите досегашни 1907 резултати.
Зоолошката градина од Ротердам е нов спонзор на фудбалскиот клуб Ротердам и за да го одбележат новото партнерство тие снимија одлична реклама во која главната улога ја има пензионираната легенда на холандскиот фудбал, Џовани ван Бронкхорст.