Таг: еп 2016 франција

Грдото пајче од интернатот кое стана јунак на Португалија

Роден во Гвинеа Бисао, со сиромашните родители на три години ја напушта бедната Африка и доаѓа во Португалија, земја на која 25 години подоцна ѝ го донесе највредниот пехар во историјата.

Голот на Едер со португалски коментатор

Дечкото што го реши финалето и не го знаевме баш бидејќи во CV му стојат екипи како Брага, Свонси и Лил, но тоа не е причина да не збеснат португалските коментатори во хор за неговиот историски гол кој ќе го верглаат со години.

Најјакиот навивачки гест по финалето од дете

Знаеш дека твојата репрезентација има силен состав за да стане шампион, игра на свое тло и кога треба да се издржи уште финалната пречка, еден гол во продолженијата ти рушат целосно и сакаш да го заборавиш побрзо ова Европско. Во тој момент ти доаѓа детево коe ги заслужува сите петки во школо.

Чест е да те чека учителот за честитки

Го зема на 18 години, кај него се калеше 6 години, заедно се радуваа на 9 трофеи и големата меѓусебна почит им остана, што можеби и не е случај со Бекам кој доби копачка во глава.

Португалија е на европскиот трон со гол во 109 минута

По пауза од 41 година селекцијата на Португалија ја доби Франција и му нанесе шок на домаќинот кој важеше за фаворит во финалето на ЕП 2016. Португалците победија само еднаш во 90 минути на ова Европско првенство што се покажа како доволно за прва титула во нивната историја.

Франција vs Португалија, статистички

Франција нема пораз на големите натпреварувања на последните 18 меча на домашен терен, а Португалија е селекцијата со најмногу одиграни меча на Европските првенства без да го освои трофејот.

Марк Клатенбург - Поп ѕвездата со свирче

Најхаризматичниот светски судија во моментов има и свои маани, како на пример отворените манири да разговара со тренерите за тоа кој играч е добар а кој не му треба. Стресот од разгалените милионери на теренот го канализира со пакет лименки пиво.

Финалистот на Европско од Камерун кој Барса го купи за 25 милиони

Кога дошол од сиромашниот дел на Камерун во Лион, не знаел да плива и седел во малиот базен, учел да вози точак со еден од соиграчите од детството, но на теренот со пожртвуваност и храброст заслужи да стане нов фудбалер на еден од најголемите светски клубови.

Патот до финалето на Португалија и Франција

Португалците ја минаа групната фаза со 3 бода откако одиграа 1:1 со Исланд, 0:0 со Австрија и 3:3 со Унгарија. Во осминафинале ја добија Хрватска во продолженијата, а во четвртфинале ја минаа Полска на пенали. Првиот триумф во 90 минути игра го остварија со Велс. Франција стартуваше со две победи, но и двете со голови на крај. 2:1 со Романија и 2:0 со Албанија. Против Швајцарија одиграа 0:0. Во нокаут фаза падна Република Ирска со 2:1, па Исланд со 5:2 и Германија со 2:0. Финалето меѓу Португалија и Франција е во недела во 21:00.

Најдобрата одбрана на мечот

Германија притисна во последните 20 минути против Франција и имаше зрели шанси за да го направи полуфиналето неизвесно, а најголемата шанса им ја спречи Хуго Лорис.

Франција оди во финале, Гризман брои до 6 гола

Франција - Португалија е финалето на 15-то Европско првенство кое се игра на француско тло. Германија не успеа да го оствари сонот и Светската титула да ја спои со Европска. Пречка беше Антоан Гризман кој погоди од пенал, а во второ полувреме собра еден отпад. Германците го торпедираа голот на крај, но неуспешно.

Португалија и Велс не играа во црвени дресови од хумани причини

Не е нов циркус на УЕФА, ниту некаква желба на спонзорите да „намлатат" повеќе пари од продажба на дресови. УЕФА едноставно поведе сметка за немал број на луѓе кои имаат проблем со распознавање на боите.

Тешко на Португалија со оваа статистика

Противникот на Португалците во финалето, кој и да биде, по традиција редовно бил подобар, а тоа го докажува статистиката која целосно е на нивна страна.

Шишај ме кратко, утре дебитирам во Премиер лига

Необично, еден е од ретките во Велшката репрезентација кој зборува чисто на мајчин јазик. На дебито со 16 години за Кардиф, најдобриот другар го ишишал и го упропастил поради што морал да се бричи на нула. По тешката повреда во 2010, се врати уште појак и подобар.

Делириум во фан зоната во Лисабон

По 2004-та Португалија повторно се избори за финале на Европското првенство кое никогаш го нема освоено и покрај тоа што од ЕП 1996 секогаш стигнува до нокаут фазата. Паралелно со навивачите кои беа во Лион, во транс за пласманот во финалето беа и оние во Лисабон.

Кварезма не е за старо железо, прашајте го Џо Ален

Некогашната ѕвезда на португалскиот фудбал си поигра со резервистот на Ливерпул.

Португалија е првиот финалист на Европското!

Португалија ќе игра во своето второ финале на Европско првенство, откако вечерва со 2:0 го совлада Велс. Португалците во Париз во недела ќе се обидат да го заборават болниот пораз од Грција пред 12 години.

Малиот што се сликаше со Португалија пред мечот

Во најдосадното полувреме од досегашниот тек на Европското, најинтересен момент беше дечкото кој застана да се слика со Португалците пред мечот.

Полуфинале во знакот на колегите од Европскиот првак

Иако фудбалот е тимски спорт произведува епски битки меѓу некои од нејзините најистакнати експонати. Најновата се игра вечерва во Лион каде се среќаваат двајцата најскапи фудбалери во историјата кои пред 40 дена заедно се радуваа на пехарот во Лигата на шампионите.

Кристал Палас има повеќе играчи на ЕП од Реал и Барселона

Статистиката покажува дека 25% од играчите на Европско биле од англискиот фудбал, а од француското првенство имало помалку играчи отколку од англиската втора лига.

Зошто ретко кој навива за Португалија

Португалија го игра можеби најдекадентниот фудбал на ова Европско. Одиграа два меча без голови, се потпираат само на Роналдо а среќата ги погледна на пенали против Полска и во продолженијата против Хрватска. Зошто ретко кој навива за нив?

Сите слободни удари на Роналдо на ЕП 2016

Изведе 10, не даде ниту еден гол од слободен и сите му се ужас, освен вториот против Унгарија, единствен на кој се помачи голманот да му ја фати. 

6:1 за Германија против домаќините во полуфинале

Светскиот првак освен што има квалитет, моќ и прилика да врзе и Европска титула, има и една опасно добра статистика која е на нејзина страна и од која треба да се плаши Франција.