По Александар Траковски за Палермо и Горан Пандев се најде меѓу македонските стрелци во италијанскиот фудбал. Во голеагада од 5:3 на дуелот Сасуоло - Џенова, капитенот на македонската репрезентација го постигна вториот гол за својот тим, инаку прв за него оваа сезона.
По големото нетрпение и помпа за Роналдо, Серија А во саботата ги запали моторите во новата сезона 2018/2019. Но со две одложени средби, а според дел од јавноста требаше да се одложат сите, како што беше за Астори.
За експертите прерано е да се знае што точно го предизвика рушењето на Моранди мостот во северно-западна Италија во кој загинаа најмалку 35 лица, ама имаат приближна претстава како најверојатно катастрофата се има случено.
Во очи на својот роденден Горан Пандев го сефтоса својот прв гол во претсезонските натпревари, и тоа во неговиот препознатлив стил кога ќе добие топка во шеснаесетник свртен со грб према голот.
Во стилот на најголемите мајстори каков што е и самиот, Горан Пандев ја потврди победата на Џенова од 3:1 против Верона со можеби најубавиот гол во неговата богата кариера.
Фудбалерите на Џенова се во серија од три победи по ред со кои се искачија на 12-та позиција на табелата. Две од тие средби ги реши нашиот најдобар фудбалер и тоа против неговите два поранешни клубови. Официјалниот спикер на домаќините го запали Луиџи Ферарис по голот на Пандев против Интер.
И покрај тоа што ја спука со Лотито, трпеше мобинг и на крајот мораше да дојде до разделба со клубот по судски пат, сепак капитенот на македонската репрезентација не заборава кој го порасна како играч.
На последниот натпревар од 23. коло во Серија А се случи големо изненадување. Фудбалерите на Џенова го шокираа Лацио среде Рим со конечни 1:2. Првиот гол на средбата го постигна Горан Пандев во 55-та минута. Македонскиот репрезентативец постигнува три гола против својот поранешен клуб откако го носи дресот на Џенова.
Џенова синоќа изгуби 1:2 од Аталанта и го претрпе деветтиот пораз во сезоната. При резултат 1:1, капитенот на Македонија промаши неверојатно чиста шанса, поточно му бранеше Албанецот Бериша.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација постигна убав гол со десна на гостувањето кај Верона во 45’ минута а гостите со три бода од овој меч сега полесно ќе дишат во продолжение од Серија А. Пандев вечерва одигра 64’ минути кога беше заменет со Лападула. Интересно, Џенова не ја победила Верона на гости од 1958. година.
Капитенот на Рома е почитуван во Италија поради многу гестови, но она што го направи минатиот викенд во голема мера му ја расипува репутацијата храбар борец. Се посрамоти.
Не поминаа ни 24 часа откако Мојзе Кин стана најмладиот фудбалер кој дал гол во Серија А, а попладнево малиот Пјетро Пелегри кој неодамна наполни 16 години ја донесе Џенова во водство против Рома на „Олимпико“ на прошталниот меч на Тоти и го сруши рекордот!
Старо, младо, машко и женско. Се собраа стотици навивачи на Рома во тренинг кампот на ’Волчицата’ да го проследат последниот официјален тренинг на капитенот Франческо Тоти пред неговиот последен меч во кариерата вечерва против Џенова од 18.
Многу славни фудбалски имиња не успеаа да го совладаат Еуџенио Ламана, кој викендов откри како му ја фатил на Кандрева, момент кој го уловија и камерите.
Епилогот после голот на Пандев против Интер е за руски роман: Горан беше еден од хероите на триплетата во 2010-та, а синоќа ја продолжи серијата на Интер од пет порази на шест меча. На крајот му се заблагодари на поранешниот клуб и навивачи.
Капитенот на македонската репрезентација докажа дека игра во одлична форма особено пред квалификацискиот дуел со Шпанија во јуни. Струмичанецот попладнево влезе во игра во 17’ минута место повредениот Симеоне, а во 70’ минута убаво начека една топка и од прва го матираше Словенецот Хандановиќ за трет гол сезонава.
Откако ја прекина долгата серија и пред две кола против Лацио го постигна дебитанскиот гол во првенство за Џенова каде игра втора сезона, македонскиот напаѓач стрелаше во 43 минута против Киево.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација го постигна првиот гол за Џенова сезонава во ремито 2:2 против Лацио. Струмичанецот ја затресе мрежата на Стракоша во 78’ минута за 2:1. Пандев се израдува прилично многу без разлика што му даде гол на клубот во кој играше неколку сезони.
Како што поминуваат годините, вредноста на ретро дресовите од италијанските тимови е сè поголема како и носталгијата за ’90-те години кои ја прославија Серија А.
Енцо Зидан престојува во Реал Мадрид околу 10 години и игра за третиот тим Реал Мадрид Кастиља. Неодамна даде гол за првиот тим во Копа дел Реј но не е ниту близу до она што го прави син му на Диего Симеоне во Серија А.
Со деби настапот и деби голот на Александар Трајковски оваа сезона, Палермо успеа да направи луд пресврт во Џенова и тоа благодарение на двајцата македонски напаѓачи кои ја завршија работата во 90-та минута. Иле асистираше, Трајковски погоди.
Капитенот на Македонија, Горан Пандев синоќа со Џенова му гостуваше на својот поранешен клуб Интер со кои освои сè што можеше да се освои. Курва Норд, северната трибина на „Џузепе Меаца“ не го заборавила Македонецот и со скандирање го поздрави при неговото влегување во игра во 79’ минута.
Откако веќе долго време е на клупата и ретко кога добива шанса, капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев вечерва на куп средбата Џенова - Перуџа постигна гол после подолго време. Струмичанецот зголеми на 2:0 во 37’ минута откако претходно синот на Диего Симеоне го отвори резултатот во 3’ минута.