Најконтроверзниот менаџер на светот доцна синоќа излезе пред новинарите (некои еминентни го бојкотираа зошто ги викал само кога му требале, инаку ги бркал) и раскажа зошто Џиџо одбил да потпише нов договор.
Фудбалерите на Италија У-21 со триумф од 2:0 против Данска стартуваа на младинското Европско првенство во Полска. За чуварот на голот на Италијанците имаше една непријатна ситуација поради која беше неопходен прекин.
Од дебито против Сасуоло на 25. октомври 2015 до поразот во Каљари на 28. мај 2017 кога го одигра последниот меч за Милан. 19 месеци страшни паради, рекорди, грешки, радост и тага.
Дебитираше на 16 години, Милан му овозможи да го покаже неспорниот талент, го направи репрезентативец на Италија и му понуди годишна плата од 5 милиони евра, но младиот Донарума само од нему познати причини одби да го продолжи договорот.
На 25 февруари Џанлуиџи Донарума стана полнолетен, а италијанските медиуми се пошегуваа и направија едно сценарио од 24 часа за тоа како му изгледал денот. Неговата роденденска желба не се однесува на некој трофеј, туку на едно дрво од одбраната на Милан кое Џиџи не сака да го види во прв тим.
Реал Мадрид основано го фаќа треска. Екипата ја загуби комфорната предност над Барселона во првенството и испадна од 1/4 финале на Кралскиот Куп од Селта. Но Реал најмногу го фаќа треска од Костариканскиот голман кој по сјајната сезона лани, годинава брани како почетник.
По повод полнолетството на најдобриот голман кој Милан го имал во последните неколку години, клупскиот канал реши да го изненади Донарума со честитки од сите најблиски.
Иако во февруари ќе наполни 18 години, Џанлуиџи Донарума веќе го доби статусот наследник на големиот Буфон. Донарума од натпревар во натпревар потврдува дека Италија и Милан ќе имаат голман на долги патеки.
Обично на 17 години најголемиот дел од фудбалерите со светска слава уште се дел од младинскиот погон и се на чекор до деби пред широкиот аудиториум. Тоа не е случај со голманот на Милан кој се наметнува меѓу најдобрите, а роден е кога Шевченко пристигна на Сан Сиро.
Албан Лафон е роден на 23. јануари 1999. година во главниот град на Буркина Фасо, Уагадугу. Откако се преселил во Франција почнал да игра фудбал во аматерскиот тим АС Латои како полушпиц но набрзо го ставиле на гол. Во 2014-та стана член на Тулуз а сезонава е еден од подобрите голмани во француската Лига 1.
Иако уште една година не смее да потпишува договори, агентите на Донарума и раководството Милан имале средба за да ја осигураат иднината на малолетниот голман кој стана првотимец на Сан Сиро.
Малиот вчера наполни 17 години, кои според тоа што го покажува до сега на голот на Милан никој не му ги дава. Уште две работи за него. Погледнете кој му нуди размена на дресови и колку натпревари за Милан има одиграно на 17 години во споредба со едни две легенди.
Голманот на Милан слави 17 години, а оваа сезона ги воодушеви сите со својата појава и одбрани како да е возрасен човек. „Психолошки сум еден чекор понапред“, вели за себе и ветува дека нема да ја чита биографијата на Касано.
Џанлуиџи Донарума попладнево на клупата ги седна Диего Лопез и колегите и застана на голот на Милан против Сасуоло. За него пишувавме кога наполни 16 во февруари годинава. Го сметаат за наследник на Џиџи Буфон, а менаџер му е контроверзниот Мино Раиола.
Поради суспензијата на Диего Лопез и повредата на Агаци, на клупата за резервни фудбалери на Милан против Чезена ќе седне младиот Џанлуиџи Донарума, роден 40 дена по дебито на Абијати за Милан.