Апел на министерката за образование до Донарума

Џиџо не се откажувај, полагај матура

Министерката за образование, Валерија Федели јавно му се обрати на Донарума дека убаво би било да го заокружи средното образование со полагање на матурскиот испит. Го убедува дека спортот и образованието одат заедно и дека не е прв фудбалер кој го прави тоа. Од 70 средношколци кои полагале скоро, 18 се фудбалери.

Славниот голман на Милан за книга ќе може да се фати догодина, што е впрочем и апелот на министерката бидејќи сега е на Ибица со девојка му. Последниот договор кој му го понуди Милан и кој се очекува да го потпише, кога ќе се врати од одмор е 5 годишен договор со годишна плата од 6 милиони евра. 
 
Зошто се некако мислиме дека изгледа ќе треба пак да го пишува писмово. Имаш 18 години, браниш за Милан, ти даваат 6 милиони плата и некој те тера да учиш во лето. Полнолетен е, ќе си одлучи самиот. Муабетот на министерката сепак ѝ држи вода.
 
„Драг Џиџо, голем дел од италијанските медиуми зборуваат за тебе. Не само за договорот со Милан, за кој ти посакувам сè најдобро, но исто така и пред сè за твојот избор да не го полагаш матурскиот испит.
 
„Направи добар избор на крајот, што ќе му е лист хартија во денешно време во земја како Италија“?
 
„Не е одговорен, тој е јавна личност и треба да го размисли фактот за тоа дека е модел за многу млади луѓе“.
 
Ова се дел од коментарите. Сигурно изборот ти бил тежок и не треба другите да ти судат за тоа. Но, сакам да ти кажам отворено и се надевам дека ќе одлучиш да го довршиш твоето образование, поддржувајќи го испитот следната година, без двоумење и со убедување. Да покажеш како што покажуваат многу други играчи, дека нозете и мозокот одат заедно, дека спортот на високо ниво и образованието не се некомпактибилни. Напротив, тие имаат многу заедничко. Бараат посветеност, упорност, страст, напорна работа. Твојот пример би бил многу важен за сите млади кој гледаат во тебе и во други спортисти модел од кои треба да учат. За тие кои сонуваат да станат како тебе.
 
Образованието е извонредна можност за развој. Тоа е инструмен кој повеќе од секој друг може да ни даде автономија, независност, критично размислување, кој може да нè направи свесни и активни граѓани. Само знаењето создава вистинска слобода и му овозможува на секој да си го пронајде сопствениот пат.
 
За оние кои се занимаваат со спорт, училиштето може понекогаш да биде пречка, се разбира. Го разбирам тоа. Но токму поради ова, после неколку години истражување, токму од спортскиот свет, Министерството за образование со своите реформи започна со образовен експеримент кој ги задоволува потребите на учениците кои се исто така спортисти. Во средно училиште може секој да се приклучи на иновативни програми, создадени во соработка со Олимпискиот и Параолимпискиот Комитет и со Серија А.
 
Првите резултати: Изминативе недели 70 студенти положија матура, а 18 од нив се од професионални клубови од Серија А и Серија Б. Мислам дека овие бројки се интересни и потврдуваат глад за знаење, амбиција и желба за личен развој кои не се добивиаат преку пракса во спортот. Тоа е како одбрана на пенал. Да се оди на тест потребни се страст, убедување, посветеност и жртва. Сигурна сум Џиџо дека исто така и ти, следната година ќе станеш дел од овој тим. Дојден си на чекор до целта. Не се откажувај“.
6 јули 2017 - 16:09