Таг: доналд трамп

2 дена по обидот за атентат

Трамп во знак на пркос сепак реши да не зема боловање туку да се појави на републиканската конвеција во Милвоки. А таму на терен се случуваат две темелни промени врзани со Тајната служба, задолжена за неговото обезбедување: прво, сега ги има како мравки во мравјалник, второ, по перформансот и резилот што жените агенти го изедоа во Пенсилванија, во обезбедувањето инстантно беа укинати сите квоти за разноликост и застапеност на жените.

Обидот за атентат на Трамп менува сè

Сликата на раскрварен и пркосен Доналд Трамп како со стисната тупаница ја отпоздравува толпата во Пенсилванија додека го изговора зборот „fight“ со американското знаме во позадина, инстантно ќе влезе во книгите за историја како еден од моментите што ја дефинирал нашата ера, пишува Блумберг.

Делот од секунда заради кој Трамп уште е жив

Вчера и денес ќе имавме сосема поинакви вести ако Трамп во последна секунда не ја свртеше главата. На Трамп беше пукано од нешто повеќе од 130 метри.

Криминалецот Доналд Трамп

Штабот на Бајден ќе започне со нова кампања вредна 50 милиони долари во која ќе се промовираат пресудата и обвиненијата против Трамп пред првата дебата меѓу двајцата закажана за 27 јуни.

Гласачите бараат допинг тест за Бајден и Трамп пред дебатите

Значителен дел од анкетираните американски гласачи сметаат дека и двајцата кандидати треба да направат тест за користење на најразлични дозволени и недозволени супстанци пред дебатите на 27 јуни и 10 септември.

Трамп планира егзекуции на мексикански нарко-босови во Мексико

Доколку се врати во Белата куќа Доналд Трамп има намера тајно да испрати американски специјални сили во Мексико со единствена мисија да ги убиваат лидерите на тамошните нарко-картели, а желбата е е оваа операција да започне веднаш по неговото влегување во Белата куќа.

Почнаа да стигаат нарачки до Трамп

Трамп треба да го олабави НАТО и притисокот што му го врши и наместо тоа да ги таргетира Обединетите нации, е нарачката до Трамп за кого се уште не се знае ни дали ќе му дозволат да учествува на претседателските избори.

Можно е да ги сменат двајцата пред избори?

И покрај одредени обиди, Американците за избори најверојатно ќе останат заглавени со Трамп и Бајден како кандидати. Тоа не значи дека и двете страни не може да се надеваат на чудо кое ќе ги спаси од сопствениот или туѓиот кандидат.

Заговорот за соработка меѓу Трамп и Русија е започнат од ЦИА

Американската разузнавачка агенција нелегално мобилизира странски шпионски агенции да ги следат советниците на Трамп многу пред летото 2016, и со тоа го започнува заговорот дека Трамп работи со Русија, објавуваат Мет Таиби, Мајлк Шеленбергер и Алекс Гутентаг.

Трамп знае како да се закани

Поранешниот, а можно и иден претседател на САД, изјави дека отворено би ја „поттикнувал“ Русија да ги напаѓа членките на НАТО кои не ги плаќаат сметките кон северно-атлантската алијанса.

Трамп нема имунитет за 6. јануари

Со едногласна одлука американскиот федерален суд одлучи дека на Доналд Трамп може да му се суди за упадот во Конгресот на 6 јануари, иако во тоа време се уште беше претседател на САД.

Доналд Трамп повторно номиниран за Нобелова награда

Номинацијата на Трамп се базира на неговата заслуга за постигнување на Аврамовите спогодби меѓу Израел и Арапите, која според предлагачите се уште го нема добиено заслуженото признание.

Трамп, Трамп, Трамп

Дел од атмосферата пред почетокот на последната републиканска претседателска дебата. Трамп како што почна така и продолжи, па и оваа дебата ја бојкотираше и воопшто не се појави, затоа што проценил дека на неа само може да изгуби од рејтингот, а не и да добие нешто. Отприлика и за тоа толку имате чуено околу републиканските дебати. Друга работа, што не им е јасно на овие што уште тераат кампања?

БЛМ за Трамп?

Лидер на БЛМ му даде поддршка на Доналд Трамп да се врати во Белата куќа по изборите во 2024, затоа што „сите други не ги бива“, а посебно е разочаран од Бајден.

Трамп реши да не оди на дебата

Поранешниот американски претседател и кандидат за иден, Доналд Трамп, одлучи дека нема да се појавува на партиската претседателска дебата на Републиканците, затоа што и онака е многу понапред од сите други конкуренти.

Хилари можеби и не била посреќна

Веста за новото обвинение против Трамп, Хилари ја дочека во ТВ студиото на Рејчел Медоу.

Трамп едвај ја чека затворската слика

Доколку Трамп биде приведен во Џорџија откако сојузната држава објави обвинение против него со 41 ставка, и биде фотографиран како дел од процедурата, тоа ќе стане најпознатата слика на нашето време, која поранешниот американски претседател неизбежно ќе ја искористи во својата кампања.

Трамп го чекаат 400 години затвор и над 9 милиони долари казна

Обвинението против Трамп има 49 страници, на кои американските власти успеале да соберат 37 одделни обвиненија со кои се прекршуваат 7 различни федерални закони. Максималната казна за сето ова се 4 векови затвор и некои си 9,25 милиони долари казна.

Од омраза кон Трамп Си-ен-ен не ја истражувал теоријата за протекување на ковид од лабораторија

Поранешниот ЦЕО на Си-ен-ен, Џеф Закер, им наредил на вработените да не ја обработуваат теоријата за протекување на ковид од лабораторијата во Вухан, затоа што тоа бил еден од ставовите ширени од тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Доналд Трамп за изборот меѓу Путин и „битангите“ од американското разузнавање

Навраќајќи се на сопствените недоразбирања со разузнавачките структури во САД, Трамп не пропушти да му спомне на ФБИ дека агентот што требаше да ги открие руските врски на Трамп, е уапсен заради врски со Русија.

ФБИ агентот што го ловеше Трамп за врски со Русија, уапсен за врски со Русија

Чарлс Мекгониал додека се уште бил на плата и под значка на ФБИ земал 225.000 долари во кеш од албански разузнавач, а откако се пензионирал од ФБИ почнал да работи и за рускиот олигарх Олег Дерипаска.