Таг: доналд трамп

Трамп спрема камбек на Твитер и Фејсбук

Откако беше одблокиран од Твитер, Доналд Трамп сака да си го врати и својот Фејсбук профил. Неговите 4,8 милиони следачи на Truth Social, платформата што самиот ја направи, изгледа нема да бидат доволни за победа на претстојните избори. 

Руското мешање во американските избори 2016 на Твитер немало никакви резултати

Вашингтон пост објавува студија чиј заклучок е дека влијанието на руската операција на Твитер за време на претседателската трка меѓу Трамп и Хилари, било исклучително минимално.

Трамп упорен околу претседателските избори... 2020-та

Најдобро е во моментов да се укине Уставот на САД за да се поништат резултатите од претседателските избори 2020 и Доналд Трамп да се врати на власт во Белата куќа, препорачува Доналд Трамп.

45-от претседател на САД

Сериозно цела Америка го знаеше човеков и пак го избра да им биде претседател, па дури можеби и ќе го репризира на уште четири години во 2024. Клипот е од 2004, од времето кога СНЛ уште го сакаше Доналд Трамп.

Не, Њујорк тајмс, не „заслужувате подобро“ од Доналд Трамп

Њујорк Тајмс упорно одбива да сфати зошто Трамп сè уште постои на сцената па смета дека на луѓето не им е доволно јасно дека тој е булшит. Мат Таиби уште поупорно им плеснува: Знаат тие дека Трамп е булшит, ама знаат и дека вие сте бетер од него. 

Доналд Трамп и официјално пушти документи за претседателски кандидат на САД

Ветувајќи дека „камбекот на Америка почнува сега“ Доналд објави дека и по трет пат ќе се кандидира за претседател на САД на изборите 2024.

На Трамп сите му се криви (сосе Меланија) за резултатите од меѓуизборите

Откако во средата не се случи очекуваниот „црвен бран“ и создавање на републиканско мнозинство во Конгресот, на Доналд Трамп сите му се виновни, посебно луѓето кои го туркаа Оз за кандидат во Пенсилванија. Меѓу нив и Меланија.

За Трамп митинзите станаа социјална мрежа

Можеби човекот не може да ѝ припари ни на една социјална мрежа на интернет (освен таа што сам си ја отвори), ама затоа може на свои митинзи да си го прави меракот и да ѝ пушта клипови на публиката.

До сега необјавено врвно тролање од Трамп

Човекот е толку трол и не може да се воздржи што е спремен да ризикува почеток на нуклеарна војна само за да каже фора што му дошла на памет.

Добредојдовте во Третиот свет

ФБИ подобро да има нешто „разорувачко“ за Трамп, бидејќи во спротивно само што бевме сведоци на еден од најглупите потези во историјата на политиката, пишува Мат Таиби.

Старците се ужас

Втор мандат на Бајден или Трамп би било „најлошото нешто што би можело да се случи“ сметаат нешто помалку од 40 проценти од анкетираните Американци.

Во Тампа уште од сега нека прогласат дека победил Трамп

Од поздравувањето со Трамп пред заминувањето од Тампа, Флорида, по митингот што го имаше таму.

Дали повеќе болат поразите од Русија или тоа што Трамп бил во право?

Во едни поранешните времиња, Трамп, општоприфатен како кловн на чело на САД, им кажа на Германците дека ако не преземат нешто драстично, земјата ќе стане тотално зависна од руска енергија. Германците му се смееа во лице, а меинстрим медиумите одма пресудија дека ова тврдење на Трамп е „фејк њуз“.

Како да го изнервираш Џон Вотерс

Мајсторот на невкусот, човекот зад филмовите во кои драг-кралицата Дивајн се труди на сите начини да ја згади публиката е изнервиран. Заради Доналд Трамп.

Илон Маск ќе го враќа Трамп на Твитер

Во моментот кога Маск ќе стане газда на Твитер, тој ќе ја укине доживотната забрана за поранешниот американски претседател да се појави на платформата, затоа што истата едноставно е глупа.

Бајден стана претседател со полош рејтинг од Трамп

Од ентузијазмот околу Бајден останато е многу малку, а веста во бројки јавно ја соџвака Си-ен-ен тој ем е со најнизок рејтинг од почетокот на мандатот, ем рејтингот му е понизок и од оној на Трамп.

И Трамп ќе јуришал на Капитол хил ама не го пуштиле

Трамп бил решен и сакал на 6 јануари 2021 заедно со своите симпатизери да маршира на Капитол хил, ама тоа пицајзлите од Тајната служба не му дозволиле да тргне и го задржале.

Не Русите, туку Хилари го шпионирала и хакнала Трамп и Белата куќа

Во обид да се извади конекција меѓу Трамп и Русија, кампањата на Хилари ангажирала и платила американски ИТ експерти за хакирање и следење на серверите што ги користи Доналд Трамп, прво во кулата Трамп (каде што е неговата канцеларија) а потоа и во Белата куќа.

Трамп бара Кина да му плати на светот за ковид

Во истото интервју во кое кажува дека за 9 месеци ја создал вакцината, Трамп ја повика Кина да плати репарации на секоја држава на планетава заради вирусот кој настанал во Вухан.