Пред неколку дена конзервативецот Џорџ Озборн најави дека во британскиот буџет за 2016 ќе биде воведен „данок на шеќер" што ќе треба да го плаќа индустријата на безалкохолни пијалоци. Тоа, накратко, значи дека ваквите сокови ќе поскапат. Но кој ќе биде најпогоден од оваа мерка? Удри по сиромашните, кои се истовремено и најдебелите.