Џанфранко Ѕола на 35 години, на 16 јануари 2002-ра постигна легендарен гол против Норвич. Италијанецот, кој денес е помошен тренер во Челси, со „Сините“ како играч освои два ФА Купа, еден Лига Куп, еден Супер Куп, Куп на УЕФА и Супер Куп на УЕФА.
Чешкиот голман Петр Чех има неколку вселенски достигнувања во англиската Премиер лига. Држи рекорди кои тешко дека во догледно време некој друг голман ќе ги достигне.
Во текот на мечот Челси - Нотингем Форест од ФА Купот, целиот „Стемфорд Бриџ“ сфати дека овој натпревар ќе биде последен за Сеск Фабрегас не само за Челси туку и воопшто во Англија.
Минатото лето стана најскапо платениот голман во историјата на фудбалот откако Челси за него на Атлетик Билбао му плати астрономски 80 милиони евра. Кепа Аризабалага е стандарден на голот, веќе се навикна на англискиот фудбал а најголема предност му се одличните додавања до соиграчите.
Божиќното коло не е обично коло во англискиот фудбал. Секоја година традиционално луѓето фамилијарно уживаат во најдобрата лига на светот, на најголемиот христијански празник - Божиќ.
Откако беше извлечена ждрепката за елитната Лига на шампиони, попладнево во Нион ги дознавме и паровите од 1/16 финалето на Лига Европа. Од нашите интернационалци, Стефан Ристовски ќе игра во пиринејскиот дуел со Виљареал, Елиф Елмас против Зенит, а Аријан Адеми против чешки претставник.
Иако важи за еден од најдобрите и најтрофејните тренери во историјата на фудбалот, Гвардиола важи за човек со незгоден карактер кој не секогаш знае да признае пораз. А Маурицио Сари синоќа му одржа лекција.
Челси киксна викендов против Евертон, а фудбалерот од кој неочекувавме вака да го мами судијата направи потег како да не знае дека 20 камери снимаат. Кој би рекол дека ќе видиме вакво нешто во волку сериозен клуб и лига. Ништо нема да му сменат 20 см, патем 0:0 заврши мечот.
На „Стемфорд Бриџ“ синоќа се врати една од најголемите икони во клупската историја на Челси, Френк Лампард, како тренер на Дерби Каунти. Се играше дуел од Лига Купот, „Сините“ славеа 3:2 а гостите си дадоа два комични автоголови.
Еден од подобрите фудбалери на Челси сезонава, и англиски репрезентативец, Рос Баркли вели дека му здосадиле тетоважите, не му биле веќе интересни и дека како созреан човек решил да ги отстрани од себе.
Иако важи за голем провокатор, Жозе во самиот финиш на денешното големо дерби Челси - Манчестер Јунајтед 2:2 не беше нималку крив за инцидентот кој го предизвика помошен тренер на домаќините.
Неколку месеци англиските, но и руските медиуми пишуваат дека рускиот сопственик на Челси се повеќе размислува да крене раце од „сините“ и да го продаде клубот на кој му донесе 15 титули за 15 години.
Џон е жива легенда на Челси, фудбал професионално играше 23 години од кои само една година се пресели да игра во Бирмингем за да и помогне на Астон Вила да се врати во Премиер но не успеа во финалето на плејофот.
Фудбалерите на Мол Види се држеа 70 минути на гостувањето против Челси кој славеше минимално со голот на Мората. Бобан Николов го одигра целиот меч. Аполон кој важи за аутсајдер во групата Х му се врати на Марсеј по негатива од 0:2 со гол во 90-та минута, Краснодар ја изненади Севиља, а Лацио се соочи со дебакл и доби два црвени картони.
Ако во сабота во 15 часот седнете да гледате фудбал постои можност да не станете скоро до 23:00. Има толку јак и згуснат распоред на дерби средби, што не постојат ни шанси сите да ги изгледате, освен ако не држите повеќе од еден телевизор дома и многу пиво. Мелем за очи се утакмициве.
Белгиецот на можеби најтешкото гостување во Англија покажа зошто е меѓу најдобрите фудбалери во Европа. Даде фантастичен гол за пресврт на „Енфилд“ (1:2) и неколку пати душа му извади на капитенот на Ливерпул кој од фрустрации му урлаше.
Во првото коло од групната фаза на Лига Европа вечерва Челси со 0-1 го совлада грчки ПАОК чии навивачи одново без проблем ја извадија националистичката парола за Македонија.
Другпат во обидите да направат нешто иновативно претеруваа па наидуваа на критики, ама последниов обид им е сосема океј. Ако ги занемариме циркусите бои, замислата им е фина.
За одличниот италијански стратег Маурицио Сари (59) и неговата страстна пушачка навика летово се пишуваше повеќе отколку за неговиот стил на игра, необичниот живот и тренерскиот пат.
Европското квалификациско лето заврши и со денешната ждрепка во Монако ги добивме групите во Лига Европа. Нашите репрезентативци Ељиф Елмас и Аријан Адеми ќе се судрат меѓусебе во дуелите на Фенербахче и Динамо. Тричковски и Мојсов ќе патуваат во Леверкузен.
„Го знам јас него, уште од првиот ден кога дојде овде заедно работиме. Тој нема да отстапи од животниот сон да стане професионален фудбалски тренер“, рекол колега на Маурицио од банкарските денови. И погодил.