Таг: барселона

Што се случува со репутацијата на Барселона

Нешто дефинитивно не штима на „Камп Ноу“ сезонава. Клубот кој важи за симбол на културата и е повеќе од клуб запаѓа во замка од која не баш вешто излегува. Валканиот веш никогаш не бил така јавно простиран како сезонава.

Шпанското трио кое држи монопол со трофеите

Ако ве прашаат на некој квиз кои екипи ги освојуваат меѓународните трофеи во последните 3 години, лесно ќе запаметите. Се работи за три од иста земја кои тронот не го даваат за жива глава.

7 годишниот Ренато стигна да тренира во Барселона

„Не сме свесни што ни се случува. До вчера си играше со топка во соба два на два, а сега стигна да гази во Барселона“, вели Јусуф, таткото на нашиот голем фудбалски талент кој на само 7 години ја почувствува магијата на Ла Масија.

Како изгледа ФИФА 2017 во реалност

Би рекле, не се далеку од вистината...

Дечкото кој се инспирираше од слаломот на Меси

На акцијата која и претходеше на вториот гол на Барселона против Еспањол никој не остана рамнодушен. Иниеста почна, а Меси ги дотолчи противниците кои летаа како мали деца. Слично нешто се случи на аматерски меч во Шпанија.

Само Иниеста и Меси може вака да понижат пола тим

Ако изброивме добро во акцијава на Барселона која ја заврши Суарез со гол, Иниеста и Меси успеаа мајмуни да направат 7 фудбалери на Еспањол, значи пазете 7, а Иниеста прво се лизна.

Авганистанчето не сакаше да се одвои од Меси

6-годишниот Муртаза Ахмади чија слика со дрес направен од кеса на која пишуваше МЕСИ 10 го растажи целиот свет, конечно го запозна својот идол. И не само што го запозна, туку не сакаше да се одвои од Аргентинецот.

Аплаузи за седумката од Шпанија

Три години во низа освојувачи на трофеите во ЛШ и ЛЕ се шпански екипи, па сега вие видете колку е доминантен шпанскиот фудбал во Европа. Групната фаза неделава беше заокружена и во двете клупски натпреварувања Шпанците не сакаат да чујат за елиминација.

Како македонските мадридисти го бодреа Реал на Камп Ноу

Еден од најорганизираните фан клубови во земјава е Пења Мадридиста де Македонија, група навивачи на Реал кои не пропуштаат прилика да оставват грло и дланки во поддршка на „Кралскиот“ клуб каде и да игра. Така беше и на „Ел Класико“ во Каталонија.

Барселона во прво полувреме додавала по 13 пати во минута

Бескрајните пасови на Каталонците кои рушат екипи со 4:0 и кога не бркаат ништо, ги уриваат параметрите кои водат статистика. Се додека тоа им носи резултат, никој нема право да рече дека таква уметност може да биде досадна.

Како Пепе чекал достава на новите копачки

Во пресрет на најголемото светско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид во сабота, сите играчи во карантин психолошки се подготвуваат, а само Португалецот Пепе нестрпливо чека дечкото со моторче да му го донесе најновиот модел на копачки. Според рекламата на UMBRO секако.

Местото каде Барса не може да победи цели 10 години

Голот на Меси синоќа во второто полувреме ја спаси Барселона од нов пораз во Сан Себастијан, место каде Каталонците не знаат за триумф повеќе од една деценија.

Што треба да знаете ако го величате Роналдо на кафанска маса

Вечната дебата околу тоа кој е подобар/покорисен/поспретен на моменти изгледа бесмислена и празна. И едниот и другиот играат во иста ера, така што одговорот на дилемите го носат самите учесници во дискусијата. Како љубителите го бранат Португалецот во однос на чудесниот Меси?

Тиаго Алкантара и Рафиња - браќата кои учеа од најдобрите

Двајцата браќа, од кои едниот игра за Шпанија, другиот за Бразил фудбалскиот занает го стекнаа во Ла Масиа, фудбалската школа на Барселона од каде едниот тргна по стапките на Гвардиола во Баерн, а другиот остана на „Камп Ноу“ да се бори за место во тимот.

Барбара од Барселона даде гол во стилот на Меси и Роналдо

Фудбалерката на Барселона, Барбара Латоре исфрли од игра половина тим и постигна гол кој го твитна и Пике кој напиша дека го потсетува на едни два легендарни голови на Меси и Роналдо.

Приемот на Суарез на топка фрлена од кран

Луис Суарез има неверојатен прием на топка, а тоа го покажа откако му фрлаа топка од кран висок 35 метри.

Историска дебата за фрленото шише на Местаља и глумата на Барса

На и онака големата врева по социјалните мрежи, шпанската фудбалска федерација фрли бензин во оганот со изјавата на Хавиер Тебас дека „тој лично би се засрамил после таква глума да отиде дома и да ги погледне децата“.

Кога актерите не знаат дали химната завршила

Навивачите на белградска Црвена Звезда традиционално веќе неколку сезони, пред секој кошаркарски меч од Евролигата ја надгласуваат химната на ова натпреварување. Најсмешна е реакцијата на судиите кои не можат а да не се погледнат едни со други. Синоќа Звезда ја пречека Барселона, а гостинскиот играч Анте Томиќ беше преимпресиониран од 18.200 гледачи во Арената.

Ливија најмногу ја отвара дресот на Барса

По татко Италијанка, по мајка Јапонка, израсната во Бразил, живее во САД, а навива за Барселона. Toa е накусо инфо за навивачката која има половина милион следбеници на Инстаграм, бројка која сигурно ќе стигне до милион.

Гиф на колото

Јасно е дека кога ќе ти загуби тимот во судиско продолжение треба да се исконтролираш и да не ја фрлиш флашата во играчите, ама па никој не пукаше со сачмарка на мечот Валенсија - Барселона 2:3.

Меси за тврдењата дека е од друга планета

Нема момент кога е на теренот а да не даде гол или направи потег после кој луѓето ќе тврдат дека дошол од друга планета и дека не е од планетата земја. Аргентинецот срамежливо ги чита таквите пораки.

Хет-трик на Меси, Бешикташ славеше во Неапол

Со седмиот рекорден хет-трик во Лигата на шампионите, Меси сам го победи Манчестер Сити на неговиот поранешен учител Пеп Гвардиола. Бешикташ го направи најголемото изненадување вечерва откако со 2:3 го победи Наполи на „Сан Паоло“.