Кариерата на Дел Пјеро како ликовно дело. Ја имате во три акти, три фази, секоја од клучно значење за неговата кариера. Во некои делови можеби премногу навлегува во некои уметнички споредби, но ќе ви ја пренесеме, бидејќи Алекс беше уметник со топката.
Франческо Тоти прв му го честиташе 42 роденден на Алесандро Дел Пјеро, а италијанските медиуми потоа се сетија на една нивна заедничка реклама која не можеа да ја снимат од многу кезење.
Од 290 голови постигнати за Јувентус, тешко е да се направи куса листа на најдобри голови на еден од најдобрите италијански напаѓачи во историјата. Одбравме 5, сите од 90-те, во чест на неговиот денешен 42 роденден.
На денешен ден, 12 септември 1993. година на мечот Фоџа - Јувентус (1:1), дебитираше 20-годишниот Алесандро Дел Пјеро кој влезе во игра на место Фабрицио Раванели. Се загреваше, а Трапатони го викна со фамозната свирка.
Четвртфиналниот дуел меѓу Италија и Германија не е единствениот повод да се вратиме на претходниот нивни меч на кој имаше продолженија, туку тоа си го стори и јубилејот од точно 10 години.
Денешниот ден не им значи многу само на нив, туку и на Милан, Јувентус и навивачите кои се збогуваа со нивните идоли кои ќе останат две легендарни имиња кои секој клуб би ги посакал.
Групна фаза од Лига на шампиони, сезона 2008/2009. Реал Мадрид го пречекува Јуве, со капитенските ленти се ракуваат Раул и Дел Пјеро, а во публика седи Марадона. Алекс им покажува дека 34 години се исто што и 24 и со два гола го решава мечот, а испушта чиста шанса и за хет-трик. Цел стадион стана да му аплаудира на крај.
Во 2014-та Дел Пјеро ја заврши фудбалската кариера по авантурата во индискиот клуб Делхи Динамо. Во 2015-та стана стручен коментатор на Скај Спортс, а годинава се појави во италијанската верзија Танц со ѕвездите (Ballando con le stelle). Алекс танцуваше со професионалната танчерка Роберта Бекарини.
13-ти февруари може да биде клучен ден за освојувањето на Скудетото во Серија А бидејќи се среќаваат Јувентус и Наполи. Ако победи Јуве ќе бега еден бод, а Наполи со триумф ќе се оддалечи 5 бода. Респектот меѓу големите напаѓачи на овие два тима.
Се играше првиот меч од полуфиналето на ЛШ. За Јуве против Монако тогаш настапија Перуци, Ди Ливио, Јулиано, Дешамп, Зизу, Давидс, Песото... Од друга страна играа Трезеге и Анри, а мечот заврши 4-1. Го реши Алекс со хет-трик.
Кога локален лист од Фиренца направил анкета за тоа кој е најубавиот гол што го примила нивната Фиорентина, 90% од испитаниците изјавиле дека тоа е погодокот на Алесандро Дел Пјеро на 4 декември 1994. година на Деле Алпи. Малиот Моцарт како што го викаа Алекс тогаш имаше 21 година.
Навивачите на четири големи клубови ова лето плачат. Си заминаа Чави од Барселона, Џерард од Ливерпул, Швајнштајгер од Баерн и Касиљас од Реал Мадрид. Веќе се поретко гледаме луѓе како Малдини, Тоти, Гигс за кои во кариерата постои само еден дрес. Некои се збогуваа и не по своја желба.
Во последните 20 години, Бјанконерите пет пати играа во полуфиналето на Лигата на шампионите. Во сеќавање останаа дуелите со Реал Мадрид и Ајакс, а незаборавен е и болниот пораз од Јунајтед во сезоната 1998/99.
На 19. септември 1993 година, Алесандро Дел Пиеро го постигна дебитантскиот гол за Јувентус, против Реџана. Од тогаш до летото 2012-та, Дел Пиеро даде 208 голови на 513 средби. Едни од најубавите погодоци, „Пинтуричио“ ги постигна против Борусија Дортмунд, вечерашниот противник на неговиот Јуве.
Таму играа Дел Пиеро, Галас, Хари Кјуел, Роби Фаулер и Давид Виља, но ниту еден од нив не ја зголеми популарноста на фудбалот во А лигата како самите Австралијци.
Новоформираната Индиска Супер лига стартуваше викендов, а за промоција се погрижија Трезеге, Пирес, Дел Пјеро, Љунберг, Силвестре, Џејмс, Луис Гарсија и Капдевиља кои играат во 8 различни екипи, колку што има во лигата.
Недела, 13 мај 2012 беше тажен ден за навивачите на Јувентус, но и за сите други вљубеници во фудбалот. Серија А се раздели со една своја жива легенда. Алесандро Дел Пјеро се симна од фудбалската сцена во Италија.
400.000 навивачи на Јувентус излегоа на улиците на Торино за да ги поздрават своите фудбалери кои оваа сезона поставија нови стандарди во италијанскиот фудбал, освојувајќи ја титулата без пораз по 38 одиграни кола.
Алесандро Дел Пјеро има постигнато многу голови, но во сезоната која можеби му е последна како фудбалер на Јувентус и како фудбалер воопшто, „Пинтуричио" го постигна еден од најважните голови во неговата кариера и тоа токму на неговиот 700. настап во црно-белиот дрес.