Потребни состојки:
- 3 целера
- 1 мал кромид
- 2 чешниња лук
- маслиново
- сол и бибер
- масло од тартуф (опционално)
Цел свет го имав видено освен Јужна Африка и Париз. Препекав да одам, башка евтини се авионските карти. По толку пекање, се случи и тоа неодамна. Бевме неколку дена и се разбира пошто мене ми беше првпат, мораше да се види све. Се прошета Париз уздуж и попреку. Стапалата, стапалата ми беа за во 42-ка, е толку потечени, но не се предавав. Се вратив здебелена 3кг, мораше да се проба секој леб, секое пециво, сирење, вино, благо... Сето ова преку ден, башка на вечери одење. Бидејќи не бев сама, нели, знаеја каде да ме носат. Местото, не можам да го наречам ресторан бидејќи не беше класика, кое ми остави најголем впечаток беше "Le Passage". Сместен во улица што никој не би ни поминал, со излог како стара берберница.
Можеби не сум во право, но мене на тоа ме потсеќа. Влегуваш внатре, од десна страна кујна, а од лева маси, столчиња и шанк, се разбира. Мени нема т.е напишано е на ѕид, се разбира на француски. Шанкерот точи пијачки и сече сирења на кому иде, како е расположен такава е и порцијата. Сума сумарум ништо посебно како ентериер и слично, но затоа храната е нешто извонредно. Не за џабе е посетен од Гордон Ремзи. Е тука, тука ја јадев оваа превкусна супа покрај останатите цици мици што ги нарачавме. Се изненадив каков е вкусот и сакам да го доживеете тоа и вие.
Јас кажав тогаш, ќе кажам и пак, ако јас живеам во Париз ќе бидам дебела пијаница! Не се издржува толку убаво!
Чекори за подготовка:
- Излупете го целерот. Исецкајте го на коцки и ставете го во сад со вода да се свари. Варете го додека не омекнат, исто како компирот за пире кога правите. Откако ќе го сварите тргнете го на страна садот. Не ја истурајте водата, ќе ја искористите подоцна.
- Во друг подлабок сад на маслиново масло запржете го кромидот. Ситно исецкан, ќе заборавев тоа да ви кажам. Исецкајте ги ситно чешнињата лук и додадете ги кај кромидот. Пропржете уште малку.
- Во истиот додадете го целерот, сол и бибер по вкус. Промешајте и додајте ја водата каде што се вареше целерот. Вода додавате онолку колку што сакате супата да ви биде густа.
- Сето тоа префрлете го во блендер. Матете убаво за да се изедначи.
- Послужете во убав тањир, пропрскајте од маслото со тартуфи и фрлете некоја кубета.