Икер Касиљас продолжува да руши рекорди. Неговата мрежа не се тресеше девет натпревари, но Оливие Жиру со погодок во 94-та минута ја прекина рекордната серија на Касиљас на 820 минути без примен гол. Ова се бројките зад името на Икер Касиљас.
Сликите на разголени мускулести ултраси, припадници на една од најозлогласените навивачки групи во Европа, наместо да шират страв станаа рај за очи и хит на вебстраните за хомосексуалци.
Икер Касиљас уште еднаш потврди дека е голем џентлмен на теренот. Во последните секунди од финалето на Европското првенство против Италија, тој побара од помошниот судија да се свири крај на натпреварот од почит кон противникот.
Една мелодија ги освои срцата на сите фудбалски навивачи од целиот свет до толку што организаторите на Европското првенство во Полска и Украина решија да ја пуштаат по секој постигнат гол. Како Seven nation army на White Stripes стана фудбалска химна?
Британската телевизија БиБиСи преку својот документарец „Стадиони на омразата" прати јасна порака дека УЕФА згрешила со тоа што им го доделила Европското првенство на Полска и Украина и навивачите не треба да патуваат таму, но дали тие малку претераа?