Штом Сан Сиро крцаше во 3-то квалификациско коло за ЛЕ, тогаш Шкендија дека биде спремна, бидејќи домаќинот ќе има поддршка од сигурно најмалку 70.000 навивачи.
Голем дел од јужна Европа во последните неколку недели се соочува со екстремни температури а во тоа се увери и делегацијата на фудбалскиот клуб Копенхаген веднаш по слетувањето во Скопје.
По елиминациите на Зенит и Атлетик Билбао, уште две изненадуваа се случија на вечерашните реванш средби во Лига Европа. Борусија со пресврт ја потопи Фиорентина, а Тотенхем се посрамоти со Гент. Селта со пенал во 90-та минута се избори за продолженија.
Фудбалерите на Манчестер, Рома, Шалке и Лион со една нога веќе се во осмина-финалето на Лига Европа откако вечерва убедливо ги совладаа своите ривали. Тотенхем поразен во Белгија, Ајакс ремизираше со Легија во Варшава.
Смешни пенали, повторување на изведувањето на промашените пенали, продолжување на времето од 7 до 10 минути и уште многу спорни коефиценти во кладилниците и големи милионски суми на пријателски натпревари.
Легендата на романскиот фудбал, Ѓеорѓе Хаџи не заборавил на фер-плејот од играчките денови. Како тренер на Витолул минатиот викенд на мечот против Астра Џурџиу му нареди на својот играч Бензар Ромарио да стане и да не глуми.
Рускиот претставник кој пред неколку години ја совлада Барселона во групната фаза од Лигата на шампионите е последната пречка за Романтичарите кои ќе се борат за историски пласман во групната фаза од ЛЕ.
Фудбалерите често тврдат дека на подготовките нозете се тешки и дека во тој период речиси да нема многу простор за мајстории. Речиси, затоа што Константин Будеску од романската Астра даде олимписки гол против Марибор со надворешен фелш директно од корнер.
Во најдобрите европски лиги шампионот веќе е познат, но последните коло, две ќе решаваат за тоа кој ќе оди во Европа и кој ќе остане во елитните друштва. Борбата за гол живот и опстанок е поголема од онаа за во Европа.
Тренерот на Генгам, Жоселин Гувернек го однесе клубот од трета во прва лига, сезонава ги совлада ПСЖ и Монако и е единствен француски тим во Лигата на Европа. Сонот му е да стаса до Енфилд Роуд.