Ај што едвај ја победија Малта 1:0 со гол со рака на Грацијано Пеле, се обидоа да изнудат и непостоечки пенал. Поточно, фудбалерот на Лацио Антонио Кандрева ги покажа своите глумечки способности.
Извлечен е календарот и паровите во шпанската Примера, каде Реал Мадрид и Атлетико ќе имаат лесна задача во првото коло, а Каталонците ќе гостуваат на секогаш тврдиот Сан Мамеш.
На мечот Еибар - Атлетико М. во 12' минута беше досуден пенал. Тренерот на домаќините Мендилибар му дозволил на српскиот репрезентативен голман Марко Дмитровиќ да го изведе, со цел ризик ако му го одбранат да се отвори брза контра. Дмитровиќ беше сигурен реализатор за 1-0.
Бенитез го престигна Луис Енрике на табелата и ужива во одбраната која дури во петтото коло го прими првиот гол. Кејлор Навас требаше да замине, а го сруши рекордот на Касиљас. Барса има проблем со голманите.