Наполи одигра 2:2 против Рома на гости во 25. коло од Серија А и е трет на табела на -11 од лидерот Интер. Елмас се изнаигра во прв тим сезонава. Не му оди со голови, ама му тргна со асистенции. Ова е само едноставно додавање, ама му се брои во статистика.
Наполи е елиминиран во четвртиналето од Купот на Италија од Комо, кој оди во полуфинале после 40 години. Мечот заврши 1:1 во регуларниот дел, 8:7 на пенали откако Лукаку го утна цел гол, а Лоботка го промаши последниот пенал. Елиф Елмас го одигра цел натпревар и изведе перфекција од 11 метри, а Вања Милинковиќ Савиќ ги изнасмеа сите со ударот.
Бјанконерите го размонтираа шампионот Наполи, со апсолутна контрола на ситуацијата на теренот Јувентус славеше со головите на Жонатан Дејвид, Кенан Јилдиз и евроголот на Филип Костиќ во 86' минута. Елиф Елмас играше до 70' минута кога беше заменет со новото засилување за Наполи од Верона, Бразилецот Џоване.
Елиф Елмас одново беше статер за Наполи, 12-ти пат по ред, на гости против Копенхаген во Лигата на шампионите. Домаќините во 35 минута добија црвен, но успеаа да останат непоразени со гол во 72-ра минута за 1:1. Наполитанците отворија во 39 минута со голот на Мектоминеј, повторно на асистенција на македонскиот репрезентативец.
Изненадувачки резултати во 7. коло од ЛШ. Спортинг го доби ПСЖ со гол во 90-та минута. Баер Леверкузен загуби од Олимпијакос, Тотенхем ја доби Борусија, а Бодо Глимт слави прва победа и тоа со три парчиња против Манчестер Сити. Елмас одигра 80 минути во Данска, а дербито на вечерта во Милано му припадна на Арсенал, кој е перфектен со 7 од 7.
Интер и Наполи одиграа 2:2 во 19. коло од Серија А, со што разликата меѓу нив останува 4 бода. Скот Мектоминеј на два пати го израмни резултатот. Првиот пат после убава акција и асистенција на Елиф Елмас, прва негова сезонава. Македонскиот репрезентативец од 3 декември игра 10 меча по ред како стартер на сите натпреварувања.
Со парола C'mon Guys тифозите на римски Лацио на дербито со Наполи (0:2) кренаа прекрасна кореографија на навивач кој држи шал. При секое кревање консеквентно скандираа песни.
Наполи го доби Лацио на гости со 0:2 и го одржува чекорот на -1 од Милан и -2 од лидерот Интер. Елиф Елмас никако да ја начне мрежата сезонава после 14 настапи во Серија А. Во хајлајтсот се издвоени две негови чисти шанси со глава.
Волејот на Џани против Белгија, велеслаломот на Елмас против Лихтенштајн, бомбата на Барди против Казахстан и ножичките на Трајковски против Саудиска Арабија. Од убаво поубаво.
Елиф Елмас стана втор Македонец кој освоил таканаречена триплета во италијанскиот фудбал, односно шампионско скудето, Куп и Суперкуп на Италија. Претходно тоа го стори нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев. Елиф Елмас со оригинална слика покажа дека е спремен на сè за успесите на неговиот сакан Наполи.
Тој лево се вика Златан. Во бројки тежи 32 трофеи, освоени со 6 екипи и има над 500 гола. Со 41 година и 166 дена стана најстар стрелец во историјата на Серија А. Оној десно е Лука, дечкото кој игра на 40 години и кој замина од Реал Мадрид како најтрофеен фудбалер во историја со 28 трофеи. Во 2018-та го запиша најјакиот хет-трик со трофеи: Златна топка, најдобар играч на годината според ФИФА и најдобар играч на Мундијалот. На тој во средина му посакуваме, барем по малце да го фати мајата од двајцата.
Фудбалерите на Наполи се први финалисти во Супер Купот на Италија, откако го совладаа Милан со 2:0 на стадионот „Кинг Сауд Универзитет“ во Ријан. Мечот го решија Давид Нерес во 39-та и Расмус Хојлунд во 64. минута. Елиф Елмас беше стартер и играше до 77-ма минута.
Родриго даде гол после 32 натпревари без погодок. Дваесет годишниот врвен талент на Сити и англиската репрезентација Нико О'Рејли израмни на 1-1, а Ерлинг Халанд од пенал ги постави конечните 1-2 за Манчестер Сити на „Сантијаго Бернабеу“. Сите три гола паднаа во прв дел. Јуве го совлада Пафос, Дортмунд одигра 2-2 против Бодо Глимт, а Елмас и Наполи изгубија од Бенфика.
Наполи го забележа третиот триумф по ред откако синоќа со 2-1 го совлада Јувентус во дербито на колото во Серија А. Стрелец на два гола и игра на мечот беше Данецот Расмус Хојлунд а погодокот за Јувентус го постигна Кенан Јилдиз. Наполи со оваа победа е прва на табела во Серија А бодовна предност пред Милан кој својот натпревар го игра вечерва.
Наполи се намачи со Каљари во Купот на Италија и едвај на пенали го совлада ривалот за плсман во четвртфинале. Претходно Лука со глава отвори после 28 минути за Наполи но Еспозито израмни на 1-1 во 67-ма минута. На пенали успешно се изведоа дури 16 удари, голманите не одбранија ништо сè додека Вања-Милинковиќ Савиќ прво не го реализира својот пенал па после да го одбрани на гостите за пласман понатаму. Сите коментатори на преносот се смееја на неговиот страшен топовски шут од пенал.
Наполи го елиминираше Каљари во Купот на Италија на пенали 9:8, после 1:1 во регуларните 90 минути. Елиф Елмас го одигра цел натпревар, а потоа беше прецизен од белата точка со неодбранлив удар во гол. Посебно внимание предизвика пеналот на голманот Вања Милинковиќ Савиќ, кој ја заби душмански, со цела сила.
Наполи ја совлада Рома на гости 0:1 и сега четири екипи на табела се збиени на прва и втора позиција. Милан и Наполи имаат по 27 бода, Интер и Рома по 26. Следуваат Болоња и Комо со по 24. Бразилецот Давид Нерес ја надтрча цела одбрана на Рома, која делуваше бавно и несинхронизирано. Елмас влезе во 80-та минута.
Големи победи за Баер Леверкузен и Челси во 5. коло од Лига на шампиони, кои ги совладаа Манчестер Сити и Барселона. Јувентус губеше од Бодо Глимт, но стигна до трите бода во 91-ва минута. Наполитанците ја оправдаа фаворитската улога против Карабах. 15 минути за Елмас.
„Дијаманд од 200 карати“ е насловот на клубот од Неапол, кој се однесува на кусата церемонија на доделување признание за Елиф Елмас, кој доби плакета со урамен дрес пред почетокот на мечот со Аталанта. Викендов го одигра 201-от настап за Наполи, за кој има истрчано 8.023 минути. Има 19 гола, 11 асистенции, Скудето и Куп на Италија. Честитки за Елиф. Да се множат.
Македонската фудбалска репрезентација денес го дозна ривалот во полуфиналето на баражот за пласман на Светско првенство и евентуалниот противник во големо финале. Прво ќе мора со Данците во Копенхаген да се води силна борба.
Елиф Елмас ја доби највисоката оценка на мечот против Ајнтрахт Франкфурт, 8,5. Настапот му го опишаа како брилијантен, со исклучително движење и визија на терен. Има и зошто ако ги погледнете видеата. Убави шанси, дриблинзи, клучни додавања за гол. Штета за резултатот.
Во вечер со две мега дербија, ПСЖ - Баерн Минхен и Ливерпул - Реал Мадрид, славеа Парижаните и англискиот шампион. Германците поведоа со два гола на Колумбиецот Луис Дијаз кој се прослави но набрзо направи груб, бесмислен фаул над Хакими и доби директен црвен картон. Во Неапол 90 минути за Елиф Елмас во ремито без голови Наполи - Ајнтрахт.