Еден од најголемите тимови во Формула 1, Скудерија Ферари го претстави својот нов болид за новата сезона 2024. Болидот не наликува на неговите претходници и во Ферари сметаат дека е апсолутно најдобар досега. Новата сезона почнува со трка за Големата награда на Бахреин закажана за 2-ри март. Новиот болид на Ферари ќе го возат членовите на овој тим Карлос Саинц и Шарл Леклер кои ќе пробаат да ги тргнат од тронот Ред Бул и Макс Ферстапен.
По сјајните сезони во Будуќност Подгорица, Дејан Милојевиќ добил богати понуди од Динамо Москва и од Црвена звезда, но сакал да работи со тренерот Душко Вујошевиќ и потпиша со Партизан. Со белградските црно-бели играше во Евролига и играше во две финалиња на Јадранска лига.
Во големото белградско вечно дерби во 19. коло од кошаркарска Евролига, Црвена звезда со 88:72 го совлада Партизан и ја забележа и втората победа по ред по онаа со Фенербахче во Истанбул. Во белградска „Арена“ вриеше како во котел.
Во лигите на големата петорка (Англија, Шпанија, Германија, Италија и Франција) работат вкупно 98 тренери. Најмогу има Германци и Французи, а најмалку се Англичани, но од сите 98, само еден е црнец.