Тогаш ја имаше функцијата на помошник тренер, а четири години подоцна добива поголема одговорност, а тоа е да го води двократниот првак на Европа. Незаборавното шампионско селфи на Давид Дејвис за време на вардаровата ерупција на плоштад, на 6 јуни 2017-та.
Вардар бележи втор пораз по ред во Лига на шампиони. По мечот против Монпелје во Скопје, црвено црните загубија и на гостувањето кај ланскиот финалист Алборг со 33:29. Вујовиќ ги загуби нервите поради млаката одбрана и лесните продори на Палмарсон, а потоа се сврте накај Њокас: Ок ли сте? Ова не е ракомет.
„Сантијаго Бернабеу“ ретко кога бил сведок на големи сензации како синоќа, на 28 септември 2021-ва година. Во Лига на шампиони Реал изгуби од анонимен клуб со играчи од Узбекистан, Луксембург, Мали...
Едвај две недели има откако направи трансфер од Металург во Вардар, а веќе ги воодушеви навивачите и со вакви гестови им станува миленик. Њокас блесна против Мешков Брест со 8 од 8, а вечерва во дербито против Пелистер навиваше и скокаше од трибина како прав навивач.
Мартин Томовски е прв голман, а Али Сафар од Кувајт е резервен во Вардар. Има 27 години а ова за него е прво европско искуство во кариерата. Висок е речиси два метри (1.99 см, тежи 106 килограми). Професионалната кариера ја почнал во 2014 во Алсалмиј а во 2019 доаѓа во Кувајт. Го викаат „пајак“ зошто брани маестрално.
Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.
Скоро и да нема рекорд во европскиот и светски ракомет кој не му припаѓа на нашата спортска икона. Кирил Лазаров е апсолутен рекордер по број на голови во Лига на шампиони, а вечерва постави уште еден рекорд кој тешко дека некој ќе стигне во догледно време.
Во контекст на вечерашното нивно соочување, ќе ви раскажеме еден дуел кој се одигра пред 100.000 луѓе на Маракана. Магла, пенали, поништен гол, црвен картон, преигрување, судијата виден со женска и луѓе од Звезда, сага за Гулит, страв за Донадони. Епска сторија.