Во недела од 13:00 часот се игра големото дерби во македонската прва лига меѓу Вардар и Шкендија. Скопскиот тим игра одлична полусезона и им бега на Тетовци 8 бода пред крајот на есенската полусезона. Комитите спремаат прослава на неколку јубилеи.
По 156 пат дербито Вардар - Шкендија во Тетово завршува со нецивилизарано однесување на домашните навивачи кои ги каменуваат гостите како да се наоѓаат во камено време. Плус им служат и како “одличен“ пример на децата што собираат топки, па сега и тие учат од нив.
Реваншот од 1/8 финале на Купот на Македонија меѓу Шкендија и Вардар (првиот меч во Скопје заврши 2:2) беше тензичен. Во 88’ минута при една топка во гол-аут, детето задолжено за топки го провоцираше голманот на Скопјани Филип Гачевски кој не издржа и тргна кон него, по што настана хаос. На крајот Шкендија победи со 1:0 и се пласираше во 1/4 финале, а Вардар дури и по 12 години остана без можност да се бори за пехарот во Купот.
Вардаровите песни и еуфоријата од „Ланкес арената“ синоќа се префрлија пред хотелот каде што беа сместени ракометарите на Вардар. Пред автобусот беше г`з преку глава од луѓе, а Столе едвај го додржа пехарот и потоа му го предаде на џинот.
Додека навивачите на Вардар го чекаа европскиот првак да пристигне пред хотел, со асистенција на двајца Германци извадија едно од знамињата и на јарболот закачија македонско. Да се знае кој е кој во ракомет.
Зурли, тапани, ора, бакљи, петарди, димни бомби, свирежи од коли, пива, полиција на сите страни. Во центарот на Скопје вечерва е ванредно стање. Да не знае човек дали е ова 2017-та или 2019-та. Тотална лудница.
Ако некој во изминативе години знае до максимум да не наполни со адреналин и да ни го качи притисокот тоа е дефинитивно Вардар. Губеа 7 разлика на полувреме од моќната Барселона, но во второ полувреме направија тотално лудачки пресврт и ја повторија историската 2017-та.
Во 30-то коло од македонската лига паднаа два гола по два комични кикса кои заслужуваат истрага која ниту ќе се случи, ниту па некој ќе помисли да го помрдне газот да ја спроведе. Маалските турнири се сфаќаат посериозно од нашата бедна прва лига каде веќе и кравите во терените - ливади, знаат дека има пазар.
Неколку дена откако се појави веста дека министерството за култура на Македонија спонзорирало видео спот за промоција на навивачката група на Шкендија, навивачите на овој тетовски клуб дале интервју за еден италијански портал во кое отворено зборуваат против Македонија.