Јас лично се чувствувам ограбена, изневерена, манипулирана од овој "стабилен" систем, а макотрпно штедените пари во текот на 25 години, пропаднаа во тој "стабилен" систем. Систем за кој континуирано бевме убедувани од страна на НБРМ дека функцонира и дека тие - НБРМ работат во и за наш интерес, за интересот на граѓаните од чии пари живеат. Ние граѓаните испаднавме жртви само затоа што верувавме. Верувавме и затоа што во Еуростандард Банка штедеше и првиот човек на МФ - самата министерка за финансии.
Познатиот бренд за дехидрирана храна LINO на компанијата Подравка, a како дел од кампањата за промоција на новите производи Čokolino FIT и Čokolino Plus White за првпат соработува со мегапопуларната ракометна ѕвезда Игор Карачиќ.
Јас, Јане, жител на општина Гази Баба, од населбата Ченто, имам едно прашање првенствено до нашиот градоначалник, а индиректно и до градоначалникот на град Скопје поврзано со патната инфраструктура во мојата општина. Прашањето е: Доколку планирате повторно да се кандидирате за градоначалник, врз основа на што ќе го побарате мојот глас како жител на населбата Ченто?
А истите години ги имаме, од крв и месо сме и ние, исто способни сме, исто паметни сме. Каде да одиме ние на фудбал? На Вардар-Царев Двор или на Силекс-Влазрими? Каде што и играчине идат со сила пошо јебига се заебале па потпишале договори? Каде да шетаме ние? До Маврово/Охрид ако отидеме па тоа се церемонии, планирања, кратења од други месеци...
На иницијатива на група хумани граѓани, денес Центарот за ортотика и протетика Славеј му подари спортска инвалидска количка на Александар Велески кој боледува од церебрална парализа. Истата му е неопходна за задоволување на основните потреби како и за подготовките за параолимписките квалификациони натпревари кои ќе се одржуваат во Охрид во текот на месец мај.