По неверојатниот пласман во финале на Светско, камерите го снимија Марио Манџукиќ како од трибините бара знаме, но не обично знаме, туку со натпис на неговиот роден град.
Дека упорноста секогаш се исплати се уверуваме преку фудбалскиот пат на Дрис Мертенс, 169-сантиметри ’високиот’ белгиски крилен напаѓач кој е дефиниција за „лажна деветка“.
Кога сите едвај чекаат судијата да го стави свирчето во уста и три пати да дувне за да означи крај, малиот борец Канте неуморно ора по теренот без разлика на резултатот. Ќе стане ли најдобар игач на Светското и може ли на Франција да ѝ донесе титула светски шампион?
Во 2005 година малиот Хари Кејн со една негова другарка и уште неколку деца се сликаат со капитенот на Англија Дејвид Бекам. 13 години подоцна, Кејн е капитен на Англија и најдобар стрелец на Светското а девојчето од сликата е негова сопруга со која има дете.
Детето на Ливерпул и најголемата прогноза на Стивен Џерард полека но сигурно фрла малтер на својата позиција во репрезентацијата која ќе ја забетонира во следните години. Трент Алекасндер-Арнолд по Ливерпул сега се докажува и за Англија и добро му оди.
Татко му имал пристојна работилница и секој ден му трубел или да седне да учи или да помага со работата. Ама малиот Есам сакал само едно нешто да брани и тоа да брани без ракавици.
Педро има 8 години, живее во бразилскиот град Бауру, сака да го собира Панини албумот, но мајка му нема пари за да му ја оствари таа желба. Но Педро е упорно и талентирано дете за цртање и успеа сам да се снајде.
Се вика Франк Фабра и на Мундијалот во Русија требаше да биде стартен лев бек на репрезентацијата на Колумбија. Но на неколку дена пред летот за Русија тој ги скинал предните вкрстени лигаменти од левото колено и сонот му станал ноќна мора.
Во историјата на Реал Мадрид играл само еден стопер од Франција - Луи Хон. Тој настапувал за „кралевите“ во ’50-те години и бил еден од првите европски легионери. Денес негов наследник е Рафаел Варан.