На сите им падна цената, што беше и за очекување, а најмногу на Барди. Членот на Леванте и македонската фудбалска репрезентација од 15, сега вреди 12 милиони евра.
Според првичните најави на Пандев може да земе 35.000 евра помалку, што е ништо во споредба со Лукаку, 1,8 милиони или па уште повеќе со Роналдо, 9 милиони. Зависи кој колку е платен.
Во услови кога прво владее вирус поради кој е комплицирано да се патува и второ, ни наближува историски меч кој се распродаде за три дена, а потоа забранија да се игра со публика, нема логика ни да се игра месецов. Во тоа се сложни и репрезентативците на чело со селекторот.
Денешните најнови мерки за заштита од вирусот и официјално спречија да има публика на мечот Македонија – Косово. Но под голем знак прашалник е дали воопшто ќе има фудбал на Градски на 26 март.
Ситуацијата во италијанско е ептен трудна. До крај има 12 кола, ама и кнап време за да се доиграат, бидејќи италијанската влада го стопираше првенството до 3 април, а на 12 јуни почнува Европско. Една од трите опции е воопшто и да не се одигра и да нема првак.
Веројатно како никогаш до сега во историјата на репрезентативниот фудбал, се случи масовна и екстра брза распродажба на карти за натпревар на македонската фудбалска репрезентација. Отидоа сите за ТРИ дена.
По триумфот над Каљари, Наполитанците повторно славеа на гости, но овој пат со пресврт против Бреша за кој се погрижија Инсиње од пенал и Фабијан Руиз со многу убав гол. Резултатот од 1:0 на 1:2 го свртија за 5 минути. Македонскиот репрезетативец Елиф Елмас добива се поголема минутажа кај Гатузо кој повторно го стави во прв тим.
Синоќа двајцата летаа по теренот против Интер на преполниот „Сан Сиро“ и беа заслужни што Наполи славеше 0:1 пред реваншот од 1/2 финале на Куп во Неапол. Елмас и Дрис Мертенс, Белгиецот на кого му фалат само 2 гола да стане најдобар стрелец во историјата на клубот и да го надмине Марек Хамшик, знаеа да ја прославата победата со песна.
Со оглед на тоа што до мечот со Косово има уште само 42 дена, добро е што една од главните алки во играта на Македонија добива повторно минутажа. И тоа во прв тим и 90 минути во полуфинале против Интер. Рино е задоволен.
Од каде да почнеме? Јуве повеќе не се бори сам за титула, туку гризат не една, две екипи. Интер пазари без престан звучни имиња. Милан го врати Ибра. Роналдо е машина за голови и магнет за публика. Плус Пандев уште е во форма, а Елмас е се подобар. Штета за Иле.
Двете победи по ред против Јуве и Сампдорија дефинитивно не се излез од кризата за Наполитанците кои вчера дома има нов кикс. Пораз од Лече со 2:3. Елмас не играше против суспензија, а Марко Манкосу го има голот на колото во Серија А. И неговиот тренер Фабио Ливерани се чудеше.
Легендарниот Кобра го отвори патот за Македонците во најдобрата италијанска лига, а Пандев го поплочи со мермер. Ќе остане забележано дека и некои помлади фудбалери постигнале макар еден гол во Серија А.
Тоа што ние го гледаме на Градски за Македонија, почна се повеќе да го забележува и италијанската критика од која доби одлични оценки за синоќешната партија против Сампдорија. Браво Елиф.
Има 37 години и еден од оние како Пандев на кој не му пречат годините за да може да растура во напад. Синоќа Сампдорија загуби дома 2:4 од Наполи, Елмас даде гол првенец, ама потегот на мечот го има извонредниот Фабио Кваљарела.
По скоро шест месеци престој во Серија А, Елиф Елмас конечно се израдува на првиот гол откако направи голем трансфер од Турција во Италија. Наполитанците ја совладаа Сампдорија на гости со 2:4, а македонскиот репрезентативец го даде голот за 0:2 во 16-та минута и ја оправда шансата која му ја даде Гатузо во прв тим.
Сега појасно ли му е на Гатузо зошто нашево дете заслужува поголема минутажа? Млад е, му се игра и плус голем талент е. Без разлика што има само 20 години, ниту има трема против посикусни од него, ниту па нозе му се тресат. Влезе во 81-ва, а 5 минути подоцна повлече фина акција од која падна голот за 2:0.
Елиф Елмас доби нова шанса за настап кај Џенаро Гатузо кој на првите средби го игнорираше. Овој пат го стави во 67-ма минута, го пофали за настапот и на крај му влезе со гради за да му честита во свој стил.
Колку само млади деца излегуваат и импресионираат со начинот на кој ги решаваат мечевите. Душан Влаховиќ од Фиорентина го запознавте ли? Погледне со каква кифла ги попари Наполитанците. Гатузо пак го држеше Елмас на клупа.
Многу ќе беше подруго сега да пишувавме наслови од типот: Македонскиот репрезентативец Дејан Кулушевски направи сензационален трансфер во Јувентус за 35 милиони евра на само 19 години, ама јебига. Останува само да утврдиме што дете сме испуштиле. Нека му е со среќа.
Тренерки, се шалиме. Иако ова што го носи најдобриот млад македонски фудбалер на враќање од гостувањето каде што по негов обид, домашниот играч Обианг си даде автогол против Сасуоло, подзаликува на новогодишна пижама. „Среќни празници Елиф“, му пишаа луѓето задолжени за маркетинг во клубот.
Иако губеа со 1-0 на гостувањето кај Сасуоло, фудбалерите на Наполи предводени од новиот тренер Џенаро Гатузо, стигнаа до три бода. Најмногу благодарение на македонскиот репрезентативец кој постигна гол во длабоко судиско продолжение.
Низ италијанските медиуми се појавија муабети дека дел од фудбалерите на Наполи плачеле поради заминување на Карло Анчелоти, што е и за очекување кога ќе размислиш дека имаа привилегија да ги води искусен лисец со три освоени титули во ЛШ.
Наполи и Ливерпул ја потврдија фаворитската улога во Е групата од Лига на шампиони и со сигурни победи против Генк и Салцбург ќе бидат дел од нокаут фазата од ЛШ која стандардно стартува во февруари. Елиф Елмас остана на клупа.