Македонскиот фудбалски шампион доколку успее да го елиминира белорускиот Бате Борисов, во третото квалификациско коло за Лигата на шампиони ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Скендербеу и Дебрецин.
ФК Вардар го доби најнепосакуваниот противник. Во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони ќе се сретне со екипата на БАТЕ Борисов од Белорусија.
По триумфот во регионалната СЕХА лига, ракометарите на Вардар Про го победија Металург и во финалето на Купот на Македонија и го освоија трофејот од ова натпреварување по пауза од четири години.
Екипата на Вардар е првиот освојувач на регионалната ракометна СЕХА лига откако во македонското финале во Загреб по одличното издание во второто полувреме го совлада Металург со 21:18.