Нова асистенција без да гледа или „No look pass“, мајтапење под кош во стилот на Олајџувон, 26 поени само во прво полувреме и на крај признание за титулата МВП и од домашната публика.
НБА лигата ги виде Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Шекил Онил, Коби Брајант, Леброн Џејмс и кој уште не, ама го немаше Никола од Сомбор, кој дојде, покажа како се игра кошарка и стана уникатен мадр факр лик.
Јута Џез го растури Вашингтон Визардс со 123-98, но главен хајлајт од мечот е еден комичен обид на 28-годишниот Кентавиус Колдвел Поуп кој се реши да забива во еден напад, ама како да го утна аголот.
Никола Јокиќ призна дека имал глупава реакција после фаулот на Маркиф Морис, ама па друга снимка се гледа дека ни тој не бил нежен. Србинот добро што не се повреди, бидејќи кошаркарот на Мајами освен со рака, го удира намерно и во колено по што Јокиќ збесна.
Ливерпул самоуверено ја почна новата сезона во Премиер лига (0:3 на гости кај Норич). Мо Салах блескаше, Ван Дајк се врати во одбраната, ама на социјалните мрежи се зборуваше и за Јирген Клоп. Поточно за еден негов детал.
Ново МВП издание на Никола Јокиќ кој експлодираше против Мемфис со 47 поени, 15 скока и 7 асистенции. Српскиот интернационалец беше клучната фигура на паркетот во тимот на Денвер кој по две продолженија го доби Мемфис тесно со 139:137.
Францускиот тренер почина на возраст од 73 години, во ноќта меѓу недела на понеделник. Ќе се памети по големите успеси со Лион и со Ливерпул чии навивачи многу го почитуваа.
Англискиот фудбал полека спушта завеса, а на многу локации ширум земјата периодов имаше МАСОВНИ собири на навивачи кои славеа од разни причини. Кога викаме масовни, мислиме над десетина илјади луѓе без многу маски и без ама баш никаква социјална дистанца меѓу нив.
Смртта на Коби Брајант е апсолутен шок за целиот свет на спортот, но и пошироко. Разни извори по објавата на веста, шпекулираа кој сè бил со него во хеликоптерот, а на крај стигна трагична вест.
Денвер Нагетс со 134-131 го победи Голден Стејт а српскиот репрезентативец постигна 23 поени со 12 скока и 8 асистенции. Просто неверојатно е какви шутеви вади и баскетот влегува низ обрач.
Навивачите на Челси беа во делириум по победата на нивниот тим над лутиот градски ривал Тотенхем и тоа на негов стадион на гости. Вилијан 2 пати го матираше домашниот голман, „сините“ освоија 3 важни бода а на крајот од мечот најмногу се израдува Френки Лампард.
Манчестер Сити и Ливерпул се толку јаки и ефикасни сезонава, што навистина ќе биде некако нефер што едниот нема да може да освои титула. На овие две екипи толку добро им оди што стигнаа до еден историски рекорд до сега невиден во 120 години прволигашки фудбал на островот.
Секако. Немаше начин што не го искористи за да ги иритира противничките кошаркари. Еден од најпознатите беше во 1996 година на мечот Булс - Суперсоникс кога без да помести поглед го гледаше Франк Бриковски и го испровоцира да го удри па да го исклучат.
Манчестер Јунајтед синоќа го направи најинтересниот пресврт во Премиер лигата сезонава откако губеше 2-0 на гостувањето кај Кристал Палас а на крај славеше 2-3 со евроголот на Немања Матиќ во 91’ минута. Мурињо толку многу гестикулираше што во еден момент се лизна на тревникот.
Нема љубител на англискиот фудбал а да не ги засакал или одвреме-навреме испеал „You’ll never walk alone“ и „I forever blowing bubbles“, а посебно песната на Ирците за огнениот Вил Григ, но сега има нешто ново на сцената.
Во НБА лигата играле многу необични ликови, но од самото основање до денес поголеми психопати од Денис Родман и Рон Артест паркетите во најдобрата лига на светот не виделе. А богами и надвор од нив.
Телото за борба против расизмот Kick It Out пишало допис до клубот Манчестер Јунајтед по објавените видеа на кои се слушаат необични скандирања за Ромелу Лукаку.
На една позната навивачка мелодија, на мечот против Сити додека нивниот тим ја имаше топката навивачите на ВБА пееја: "We've got the ball", а кога противникот ќе им ја земеше пееја "We've lost the ball". Како тоа добро звучи.
Сериозни обвинувања на сметка на Папис Сисе стигнаа директно од неговата сопруга од Сенегал, која тврди дека фудбалерот ја забременил кога имала 13 години по што решиле да се венчаат. На Сисе сега му се заканува затвор од 10 години.