Мишелин ѕвезда е неверојатен престиж за готвачите во светот и секоја наредна ги запечатува подлабоко на гастрономската мапа. И ресторанот „Брос“ во Италија е со ѕвезди, ама чекајте само да видите.
На денот на нашиот традиционален настан, петтиот Фестивал на јадење книги, ви претставуваме две нови изданија, кои се однесуваат на готвачките вештини на двајца големи уметници.
„Работа во тек" (А Work in Progress) е ново издание во три тома на славниот готвач од најдобриот ресторан во светот НОМА. Нешто како ордевер, главно јадење и десерт, ама од зборови.