ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, Левица, ЛДП, ДОМ, Гром и Зелен Хуман Град гласаа ЗА и без ниту еден глас против, за Вардар да добие финансиска промош од Град Скопје. Градоначалничката ќе решава колкава ќе биде сумата.
Ахмети рече дека е дојдено времето Албанец да биде премиер. Така и ДУИ лани сметаше дека е дојдено време нивен емисар да располага со буџет од 10 до 15 милиони евра годишно, колку што легнуваат на сметката на ФФМ по разни основи. Со тоа ДУИ покажа невидена дрскост кога јавно се фали со партиско освојување на власта во ФФМ, без страв од последици по македонскиот фудбал.
На тема на женски права и родова еднаквост, на состанок во ОН зад затворени врати, УСАИД и други претставници на актуелната американска администрација, буткале толку конзервативна агенда што многумина оцениле дека таа е многу подесно од позициите на Русија и на арапските држави.
"Ние не сме Викиликс туку сериозно новинарство," надмено ја фрли ракавицата за двобој првиот човек на меѓународниот новинарски конзорциум кој ги објавува оф-шор податоците од Панама. Викиликс не останаа должни па ги обвинија за политичка манипулација оркестрирана од Сорос и американската влада преку УСАИД, со цел да му се наштети на Путин.