Излезе трејлерот за Blonde, и можеме да ја видиме Ана де Армас како ќе изгледа во улога на Мерилин Монро. И реално, после толку многу обиди од разни глумици, ова како да е најблиску.
Јутјуберката НикиТуторијалс нејзиниот серијал „Моќта на шминката“ го започна во 2015. Почна со себе, па дојде Ким Кардашијан, па Дру Баримор. За најновата епизода ја има покането Адел.
Нетфликс ќе пушта серија со наслов „Измислувајќи ја Ана“, за Ана Сорокин, која од 2013 до 2017 се преправаше дека е германска наследничка и се инфилтрираше во њујоршката друштвена сцена.