20 години по враќањето од робија по Илинденското востание, прилепчанецот Георги Ачков, еден од 323-та Македонци отерани на робија во Дијар-Бекир, собрал сила да се потсети на ужасите што ги преживеал во 1903-1904 година кога на пат до затворот во Мала Азија биле убиени или умреле од мачење половина од Македонците осудени на сто и една година. Негово сведоштво денес се чува во збирката ретки книги во НУБ „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Гевгелија има смоквијада, Валандово ракијада, Смоларе костенијада, Штип пастрмалијада, Велес питијада (последниве две треба да е обратно), но сето тоа изгледа некако без завршница, без логично и епистемолошко финале. Го имаат Србите.
Некои го хејтаат водителот на емисијата „Во недела во два“, “Александар Станковиќ, некои неговата гостинка Јелена Вељача. Двајцата не можеа да се согласат главно за - Салма Хаек.
Замислете ваква грешка да направи хирург во операциона сала и да се одбрани со тезата: Извинете, направив ненамерна грешка и поради тоа Вашиот сопруг/татко не е повеќе меѓу нас.
Точно е дека се пониживме како ретко кој оставајќи ги Заев, Димитров и 80-те пратенички разбојници да ни го сменат името и на тацна да им го предадат брендот Македонија на Грците, но кога ќе го погледнете овој прилог на грчка телевизија по повод народната веселба во Пожарани, кога ќе го почувствувате тој нов дух на пријателство и кога ќе ве допре поинаквиот дискурс и свртеноста кон иднината, не е можно да не си кажете: