Дејвид Боуви на времето напишал стихови за француската “Comme d’habitude“, на Клос Франсоа. Признава дека стиховите биле шкарт, ама, ги пратил. По некое време на радио ја слушнал мелодијата, помислил дека е тоа неговата песна кога оно - My Way на Синатра! Бил изнервиран но и заинатен да направи слично драматична песна. Така настанува "Life on Mars", за која легендарниот клавијатурист Рик Вејкмен вели дека е најдобрата песна на која свирел.
1 февруари 2025 - 21:49