Стадионот на Фортуна Дизелдорф, „Меркур Шпил Арена“ денеска од 18 часот ќе влезе во историјата и ќе ги нагости Франција и Македонија на стартот на ракометното Европско првенство. Како успеаа да го прилагодат за ракометниот спектакл, ќе видите во оваа куса верзија.
Во големото белградско вечно дерби во 19. коло од кошаркарска Евролига, Црвена звезда со 88:72 го совлада Партизан и ја забележа и втората победа по ред по онаа со Фенербахче во Истанбул. Во белградска „Арена“ вриеше како во котел.
Актуелниот шампион на НБА му приреди сензационален пресврт на Голден Стејт Вориорс на гости, кој го загуби мечот после водство во последната четвртина од дури 18 поени разлика.
Далас Маверикс и по трет пат сезонава го совладаа Портланд Трејл Блејзерс, овојпат 126:97 а лидер во триумфот секако беше најдобриот кошаркар на Мавси.
На 30-ти декември се одигра големото шкотско дерби меѓу Селтик и Ренџерс. Победија зелено-белите 2-1 во жесток дуел во кој стрелец беше и еден од многуте Јапонци во тимот, Киого Фурунаши. Синоќа Селтик играше пак, против Сент Мирен на гости и победи 0-3 а првиот погодок на мечот уште во 54’ секунда беше дело на Јапонецот Маеда.
На 30 декември, Нетфликс го објави документарецот за Мундијалот во Катар, направен во шест епизоди. Мислевме дека сè сме виделе од тоа аргентинската бараба, која ги спаси своите со ненормална одбрана во 123-та минута, ама овој детал го немаше во преносот.
Словенецот Анже Ланишек го забележа најдобриот резултат во квалификациите во Инсбрук, третата станица од новогодишната традиционална турнеа „Четири скокалници“.
Од мемоари на славните, преку нови дела на извиканите големи автори до интересни романи на дебитанти, годината во која тукушто влеговме изгледа како да ветува кога се во прашање нови книжевни изданија.
Новак Ѓоковиќ го збриша Јиржи Лехечка со 3:0 (6-1, 6-7, 6-1) и со тоа го израмни резултатот против Чешка на Јунајтед купот во Перт на 1:1. Погледнете го поенот на човекот за кој не постои прасечко и руска. Накај 37 години се ближи.