Во декември 1994 Русија, САД и Британија, седнаа, ветија и потпишаа дека ќе ја гарантираат безбедноста и територијалниот интегритет на Украина доколку државата го предаде својот нуклеарен арсенал (еден дел да се уништи, еден дел да се испрати во Русија). На денот на потпишувањето Украина има над 2.300 нуклеарни глави. Речиси 30 години подоцна Украина е минус 20% од својата територија.
Млади луѓе во 20-ти, 30 и 40-ти години развиваат брзорастечки, тн „турбо ракови.“ Доктор Вилијам Макис, шеф на онкологија кој има дијагностицирано преку 20.000 случаи вика дека досега нема видено ракови на дојка во четврта фаза кај девојки на 20 години, или толку напреднати ракови на дебело црево кај млади луѓе. Има леукемии кои убиваат само неколку дена или часа откако ќе бидат дијагностицирани.
Aко вашиот лекар ви каже дека причината е непозната, дека не може да се излечи и дека може само да ви препише лекови за намалување на симптомите, побарајте друг лекар. Телото е најдобриот лекар и ви треба лекар кој го разбира тоа. На телото треба да му се даде шанса.
Греат тротоари и капаци од веце шољи, во возовите имаат кади да си киснеш петици, доцнењето на нивните возови се мери во секунди (кај нас им се гледа на календар), во школите немаат хигиеничар(к)и туку децата сами одржуваат чисто, на работа можеш да дремнеш бидејќи тоа е знак колку си бил посветен и вреден.... И за да го маскираат своето вонземско потекло, сакаат безбол и фудбал.
Ердоган е еден од најгласните светски лидери во поддршка на Палестинците и осуда на Израел. И на говори и на дело. За да покаже дека и Турците се со него, свика митинг во Истанбул.
Јотам Конфино е дански новинар кој се наоѓа во Израел и присуствувал на една проекција на која ИДФ (израелската армија) прикажува 45 минути немонтиран материјал од злосторства извршени од Хамас за време на нападот на Израел. Конфино си заминал после 30 и нешто минути. Пред да почне да раскажува прашува колку може да биде детален, затоа што содржината е тешка и за слушање, не па за гледање.
Од 2017 година биле извршени четири илјади пробни летања и викаат дека сè е ок. Автономното летало на кинеската компанија EHang собира двајца патници, може да помине 30 километри со едно полнење и лета со брзина од 130 километри на час. Таман за по град, наваму- натаму.
Да се поминат три и пол илјади километри низ сериозни планини, само по себе е подвиг. Да го направи тоа жена, сама, и тоа и на свои 67 и на 76 години, уште повеќе. Но, сето тоа да го успееш носејќи едни од најнеудобните патики на сите времиња кои имаат култен изглед но затоа ја убиваат ногата, е, тоа е веќе е чудо.
Буриданово магаре е илустрација за еден парадокс во филозофијата во врска со концептот на слободната волја. Се однесува на хипотетичка ситуација во која магаре е ставено точно на средина меѓу два пласта сено. Не можејќи да се реши каде попрво да тргне, магарето умира од глад. Двајца филозофи аматери го пробуваат концептот на едно куче, мамејќи го со по една виршла.
Пред 12 дена на Јутјуб се појави песната „Rich Men North Of Richmond“ на тема сиромаштија, депресија и безизлезност конкретно во САД, и незаинтересираност на богаташката и политичка како било да помогне, и како државата секој ден му тежи и го закопува обичниот човек. До денес песната има речиси 30 милиони прегледи.
Ен Андрес е новата канадска шампионка во кревање тегови која заедно со титулата постави и рекорд за крената тежина во женска категорија. Андрес крена вкупно 597,5 кг. што е над 200 кг повеќе од второпласираната. На Андрес ова и успеа благодарејќи на крајно успешната програма за вежбање која во основа бара првите 30 и кусур години од животот да си машко па дури потоа со сите твои мускули и конструкција да се префрлиш во жени.
Хичкок сакаше негативци и еве го сега него како еден од нив, во „Master of Suspense“, краток филм направен од неговите камео појавување во филмовите. Земени се извадоци и сцени од 30 негови филмови и трејлери, на музика од Бернард Херман, композиторот на Психо, Вртоглавица, Север- северозапад.... Мешап ноар на Фабрис Матју.
Кристофер Пламер немаше морален проблем да го замени Кевин Спејси во веќе снимен филм со него, кога овој беше обвинет за сексуално навалување. Може да нагаѓаме дали ќе беше слично и доколку, во некои други времиња и околности, Спејси беше обвинет дека е Евреј, комунист или кулак.