Наполи одигра 2:2 против Рома на гости во 25. коло од Серија А и е трет на табела на -11 од лидерот Интер. Елмас се изнаигра во прв тим сезонава. Не му оди со голови, ама му тргна со асистенции. Ова е само едноставно додавање, ама му се брои во статистика.
Наполи е елиминиран во четвртиналето од Купот на Италија од Комо, кој оди во полуфинале после 40 години. Мечот заврши 1:1 во регуларниот дел, 8:7 на пенали откако Лукаку го утна цел гол, а Лоботка го промаши последниот пенал. Елиф Елмас го одигра цел натпревар и изведе перфекција од 11 метри, а Вања Милинковиќ Савиќ ги изнасмеа сите со ударот.
Бјанконерите го размонтираа шампионот Наполи, со апсолутна контрола на ситуацијата на теренот Јувентус славеше со головите на Жонатан Дејвид, Кенан Јилдиз и евроголот на Филип Костиќ во 86' минута. Елиф Елмас играше до 70' минута кога беше заменет со новото засилување за Наполи од Верона, Бразилецот Џоване.
Елиф Елмас одново беше статер за Наполи, 12-ти пат по ред, на гости против Копенхаген во Лигата на шампионите. Домаќините во 35 минута добија црвен, но успеаа да останат непоразени со гол во 72-ра минута за 1:1. Наполитанците отворија во 39 минута со голот на Мектоминеј, повторно на асистенција на македонскиот репрезентативец.
Изненадувачки резултати во 7. коло од ЛШ. Спортинг го доби ПСЖ со гол во 90-та минута. Баер Леверкузен загуби од Олимпијакос, Тотенхем ја доби Борусија, а Бодо Глимт слави прва победа и тоа со три парчиња против Манчестер Сити. Елмас одигра 80 минути во Данска, а дербито на вечерта во Милано му припадна на Арсенал, кој е перфектен со 7 од 7.
Интер и Наполи одиграа 2:2 во 19. коло од Серија А, со што разликата меѓу нив останува 4 бода. Скот Мектоминеј на два пати го израмни резултатот. Првиот пат после убава акција и асистенција на Елиф Елмас, прва негова сезонава. Македонскиот репрезентативец од 3 декември игра 10 меча по ред како стартер на сите натпреварувања.
Со парола C'mon Guys тифозите на римски Лацио на дербито со Наполи (0:2) кренаа прекрасна кореографија на навивач кој држи шал. При секое кревање консеквентно скандираа песни.
Наполи го доби Лацио на гости со 0:2 и го одржува чекорот на -1 од Милан и -2 од лидерот Интер. Елиф Елмас никако да ја начне мрежата сезонава после 14 настапи во Серија А. Во хајлајтсот се издвоени две негови чисти шанси со глава.
Волејот на Џани против Белгија, велеслаломот на Елмас против Лихтенштајн, бомбата на Барди против Казахстан и ножичките на Трајковски против Саудиска Арабија. Од убаво поубаво.
„Ти благодариме за емоциите кои ни ги подари. Сега те чекаат нови предизвици и ние ќе бидеме секогаш тука за да навиваме за тебе“, стои во објавата на Наполи.
Според пишувањата на СпортМедиjа.мк, Дебар маалци сосема неочекувано зимава ќе приходуваат за домашни услови огромни 650.000 евра од трансферите на нивни двајца поранешни фудбалери.
Приказната меѓу македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Наполи завршува. Некогашниот фудбалер на Работнички и Фенербахче може да се пофали како втор фудбалер од земјава кој освоил шампионско скудето со клубот на кој последна титула му донесе претходно големиот Диего Марадона.
Трансферот на Елиф Елмас во Лајпциг кој треба да се реализира во јануари, го потврди и Фабрицио Романо, најголема манга меѓу инсајдерите со 19 милиони следбеници на Твитер. Под неговиот твит има 290 коментари. Првиот е со следново видео:
Елиф Елмас ја напушта Серија А и се сели во Бундеслигата. Се договорил со Лајпциг за рекорден трансфер од 25 милиони евра, до сега невидени за македонски играч во ниту еден спорт.
Аргентинскиот фудбалски ас беше на ждрепката за ЛШ во улога на потпретседател на Интер, ама доцнеше на настанот и плус не ја носеше акредитацијата, па си направи проблем на врата и едвај го пуштија.
Копенхаген за втор пат во историјата ќе игра осминафинале во ЛШ. Ги паметиме и од третото квалификациско коло против Вардар пред шест години. Загубија 1:0 на Градски, ама на реваншот победија 4:1. Вака од прилика треба да им биде тактиката против актуелниот европски првак, инаку немаат шанси.
Наполи го совлада Каљари со 2:1 и се врати на четвртата позиција. Сите зборуваат за лудата минијатура на Виктор Осимен, кој се справи со гостинската одбрана на мајсторски начин, а потоа му ја даде на тацна на Кварацхелија. Елмас не настапи поради повреда.
Наполи ја доби Брага со 2:0 и го осигура пласманот во топ 16. Елмас влезе во 60-та минута. Второ осминафинале во ЛШ за Копенхаген после она во 2010/2011. Галатасарај, Ленс, Брага и Бенфика продолжуваат во Лига Европа.
Фудбалерите на Интер не ја даваат лидерската позиција, а сериозната трка за титулата ја најавуваат со голема победа над актуелниот шампион Наполи од 0:3. Елиф Елмас доби 75 минути, а потегот на мечот го има Хакан Чалханоглу кој го отвори резултатот во финишот од првиот дел.
Македонскиот репрезентативец, како и против Аталанта, доби половина час против Реал Мадрид кој славеше дома со 4:2. Деби гол на 19 годишниот Нико Паз. На четири меча вечерва паднаа по 6 гола, а две средби завршија без голови. И по вечерашните средби од 5. коло во ЛШ останаа уште две слободни места за осминафинале. На Елмас во последно коло доволно му е реми дома со Брага за пласман во нокаут фаза.
Додека спикерот на стадионот пред мечот ги читаше составите, најгласни урлици имаше по изговореното име и презиме на бројот 6. Легендата Хари Мегваер не игра за Манчестер ама редовно и стандардно игра за Англија, нешто од што селекторот Саутгејт не отстапува.
Во рамки од 8-то коло, последно од квалификацискиот циклус, вечерва во Скопје пред 30.000 гледачи Македонија одигра одличен натпревар против големиот ривал, светската фудбалска велесила Англија. 1-0 на полувреме, 1-1 крај.