Јасно е дека е подобро да јадеш и да пиеш отколку да читаш како сето тоа се прави, но има и нешто во жанрот, кориците и илустрациите, и воопшто славењето на храната во овие книги што прави да ти дојде вода на уста.
Редит каква трачара е. Доволно е еден да постави прашање од тип, „Жени, кој е најсмешниот концепт што маж го имал за жена, и најверојатно и до ден денес верува во него?“ И се разбира, како и секогаш, има да бираш.
Нова книга под наслов „Пиратирање и издаваштво: трговијата со книги во добата на просветителството“ од Роберт Дарнтон, раскажува за начинот на кој функционирале овие бизниси во 18 век. Не само што издавачите пиратирале, а книжарите биле соучесници во истото, туку некои автори се пиратирале и самите себеси.
Можеби и не е најатрактивната туристичка дестинација покрај сите убавини во Јапонија, но еден музеј Мегуро во Токио е рај за паразитолозите. Можеби после пандемијава некој ќе отвори и музеј на вируси?