Одиме во Загреб, во праисториската 1990 година. Април е, Вјештице го најавуваат албумот „Тотално другчији од других“ а Хрватска се спрема за првите демократски парламентарни избори, на кои ќе победи ХДЗ и ќе станат повидливи контурите на Рубиковата коцка на југословенските војни и трагедии. Несвесни за големиот фајронт кој следи, двајца наши копиљаци, во барот на хотелот Еспланаде се среќаваат со Џони Штулиќ.
14 март 2021 - 12:57