Ние уште не знаеме, ама Спајкд, кои многу често имаат легитимни аргументи кога нешто е ѓубре, за новата книга на Емили Ратајковски „Моето тело“ велат дека е „плитка, солипсистичка и посамобендисана од тинејџерски дневник.“
Досега сме виделе студии што заклучуваат дека социјалните мрежи се штетни за менталното здравје, но веќе не ни требаат ни истражувања за да го знаеме тоа. Многумина имаат искусено ментална истоштеност како директна последица на бескрајно скролање и што е полошо, не можеме ни да запреме кога ни станува забележливо потешко.
Проблемите со кои жените секојдневно се соочуваат во секоја сфера на животот не се решаваат „муњевитом брзином“, уште се мачиме. Но, заради природата на жените и општествените норми, се зборува за нив, добиваат медиумско внимание и постојат легитимни и нелегитимни организации што се обидуваат да ги направат видливи. За мажите, не баш.
Нова книга на канадско-американскиот психолог Пол Блум, која излезе вчера, 2.11, тврди нешто што изгледа како парадокс - дека вистинскиот вид страдање го отвора патот до среќата. Болката може да нè дефокусира од нашите стравови и да ни помогне да се надминеме себеси. Едно од поглавјата се однесува на родителството, како на извор и на болка, и на исполнетост.
Нова книга на психијатарот Ана Лембке ја поврзува нашата опседнатост со мобилните телефони со инстинкт стар милиони години - принципот на потрага по задоволство, а одбегнување болка.
Кога новинарот Стивен Курци (Stephen Kurczy) тргнал од Њујорк во длабоката провинција на Западна Вирџинија, бил убеден дека ќе го најде модерниот Валден - оаза незагадена од последиците на дигиталната ера. Но дали навистина пристигнал во најтивката област во Америка?