Завршницата во плејофот од Супер лигата во ракомет, станува супер интересна. Ѕирнете ги табелата и распоредот до крај. Три екипи се во игра за титулата и на никој нема да му биде лесно.
Еурофарм загуби на гостувањето против Вардар со 24:20, но имаат +2 во однос на ривалот, како и подобар меѓусебен скор, што значи ако не кикснат до крајот на сезоната, ќе ја одбранат титулата. Чкембари ги пречекаа и порачаа дека и оваа година ќе бидат шампиони.
Легендарниот црногорски стратег, кој во три наврати го водеше Вардар и еднаш Македонија, со нова релаксирана изјава во пресрет на Нексе во топ 8 фазата од Лига Европа.
Од спортските викенд возбудувања, најголемо на домашната сцена беше се разбира ракометното дерби во плејофот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое домаќините го добија со 27:21. Словенечкиот голман Урбан Лесјак го заврши на начин со кој ја крена на нозе цела сала во Битола. Статива, па две одбрани за делириум меѓу навивачите.
Вардар бележи втор пораз по ред во Лига на шампиони. По мечот против Монпелје во Скопје, црвено црните загубија и на гостувањето кај ланскиот финалист Алборг со 33:29. Вујовиќ ги загуби нервите поради млаката одбрана и лесните продори на Палмарсон, а потоа се сврте накај Њокас: Ок ли сте? Ова не е ракомет.
Тимот беше жив, армијата црвено-црна стоеше комплетно и безрезервно позади клубот, имавме екипа која беше на само чекор од најдобрите 4 во Европа. Емоцијата присутна насекаде, на секое столче во салата, во очите на сите присутни, кај Михајло, кај Вујо, кај сите нас...
Вардарци на 30 август пуштија во продажба сезонски карти по цени од 2.500, 3.000 и 3.500 денари, но во време на пандемија која нè отече година и пол, изгледа тешко им оди, па апел со поддршка до навивачите побараа и преку омилениот тренер на Комити.
Еурофарм Пелистер ја сопре хегемонијата на Вардар 1961 и славеше во Суперкупот на Македонија со убедливи 31-22. Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје играше само еден тим. Битолскиот состав ја прекина серијата од три трофеи на „црвено-црните“ во Суперкупот.
„Говорот на нивното тело беше нешто кое не сум го видел. Никогаш не сум го видел Кире таков потиштен, како да се предаде. Мора да направат подлабока анализа по Мундијалот“.