Уште во првите неколку кола од Премиер лигата, Брајтон имаше екстремно тешки натпревари против Челси и Манчестер Јунајтед, па гледачите и навивачите можеа да го забележат активното десно бекче на овој тим. Визуелно изгледа како да има 14 години.
Реал Мадрид синоќа остана единствен клуб во Шпанија којшто ги забележа сите победи по рестартот на сезоната. Против Мајорка го остварија четвртиот триумф за десет дена но главен јунак на мечот беше еден млад фудбалер.
Кралскиот клуб од карантин не се врати на својот „Сантијаго Бернабеу“, туку на вториот клупски стадион „Алфредо Ди Стефано“ каде обично игра третиот тим Кастиља. “Меренгес“' ја искористија паузата поради глобалната пандемија на најдобар можен начин, да влезат во голема реконструкција.
Во последното коло од сезоната 2012/2013, Челси го совлада Евертон со 2:1. Таа сезона „сините“ ја освоија Лига Европа и обезбедија место во Лига на шампиони. После 9 години во клубот, од навивачите со проштален говор се прости бекот Пауло Фереира. За тоа време на цел стадион поинтересен му беше малиот Џош Трнбал, син на резервниот голман на Челси Рос Трнбал.
Под тренерската палка на големиот Антиќ поминале фудбалери како Чави, Иниеста, Диего Симеоне, Овермарс, Пујол, Де Бур, Пантиќ, Љубо Пенев, Георге Хаџи, Јеро, Маноло.
Цела вечер икони на англискиот фудбал како Френк Лампард и Алан Ширер да зборуваат за тоа колку храбро, самоуверено, дрско и сјајно си играл против екипа каква што е Ливерпул, а имаш само 18 години, значи дека мора да си Били Гилмур.
Челси го елиминираше Ливерпул во ФА Купот со триумф од 2:0, а Лампард во игра пушти 18 годишен клинец по име Били Гилмор. Сите денеска зборуваат за неговиот перформанс, а Фабињо си заминал дома со црвени обравчиња.
Реал Мадрид објави дека потпишал договор со фудбалерот од средниот ред на Фламенго, Реиниер за кого платиле 30 милиони евра од кои 80% ќе одат за Фламенго, а останатото за играчот и неговите претставници.
И покрај тоа што играчите и малубројните навивачи на шпанскиот нисколигаш Унионистас полудеа од среќа кога на ждрепката слушнаа дека ќе го пречекаат Реал во Купот на Кралот, сега може да има измени.