И покрај тоа што пред девет месеци имаше најави дека Вардар ќе добие финансиска помош од домашни компании и бизнисмени, сепак денешната прес конференција на која се појави капитенот делува многу загрижувачка за македонскиот спортски бренд.
Можеби звучи неочекувано, бидејќи требаше да ја одигра сезоната и на лето да се пресели во ПСЖ, но сепак е официјално. Најдобриот поединец на Вардар предвреме ги смени клупски бои. Финансиската криза си го направи своето.
РК Вардар е во кризен период, а синоќа загуби убедливо од Кил со 11 гола разлика, исто како во Јане Сандански. Но и покрај тоа европските прваци никаде не останале без поддршка. Комити се појавија и во Германија.
Ракометарите на Вардар катастрофално ја стартуваа новата календарска година во Лига на шампиони. Убедлив пораз од Кил на гости и тоа втор пат сезонава со идентична разлика од 11 гола.
Вака го гледаш голем, корпулентен, па дури и страшен по малку, ама тој е уствари мирен, сталожен без тронка надменост. На страна тоа што е голманиште и роден шампион кој влезе во срцето на секој навивач на Вардар. Еден и единствен – Арпад Штербик.
Летонија дебитираше на првиот ден од Европското ракометно првенство против силната Шпанија од која загуби 11 разлика. Но без разлика на резултатот, признанието за најкорисен играч го доби џинот од Вардар кој го заврши мечот со 7 гола и 3 асистенции. Торпедово на Криштопанс само на забавена снимка може да се следи со голо око.