Премиер лигата стартуваше, Брентфорд заигра во најдобро друштво после цели 74 години и го урна големиот Арсенал со 2:0. Мечот пред преполни трибини донесе многу емотивни кадри, а еден беше многу посебен.
Во финале кое ќе се памети уште долги години, Виљареал празнува голема победа над Манчестер Јунајтед и највреден освоен трофеј во 98-годишната историја на клубот!
Рома синоќа со пресврт 1:2 го доби првото четвртфинале на гостувањето против Ајакс. Интересна ситуација се случи во судиското продолжение на кое детето што собира топки место да му ја даде го удри Рикардо Калафиори со топката.
Ширум светот минатиов викенд се одиграа стотици фудбалски средби, но големо внимание привлече мечот во едно градче на Ирското море во Англија по чии плажи шета Карло Анчелоти и на чиј стадион синоќа шпионираше Јирген Клоп.
Рикардо Калафиори има само 18 години а веќе се промовира во стандарден лев бек на Рома. Наскоро треба да дебитира и за Италија на Манчини и ништо чудно да го гледаме на Евро догодина. Малиот има левица како ракета.
Јенс-Питер Хауге има 21 година. Во Милан дојде пред пар месеци кога со својот Молде одигра фантастичен меч и постигна еврогол во плејофот за Лига Европа. Малдини и управата буквално не го пуштиле малиот да си оди назад затоа што решиле преку ноќ да потпишат договор со него. И веќе им се исплати.
Фудбалерите на Милан стигнаа до неверојатна серија од 23 меча без пораз во сите натпреварувања (18 победи, 5 нерешени). Синоќа лагано со 3-0 ја победија Спарта Прага во Лига Европа и веќе имаат 6 бода. Брахим Диаз на 2 меча има 2 гола, а дојден е на позајмица од Реал Мадрид.
Англискиот репрезентативец Деле Али има мошне необична животна приказна и фудбалска кариера. Иако уште е млад играч, тој зад себе веќе има многу успеси, но малку фалело улицата да го потегне кон себе и да заборави на фудбал.
Јанис Хаџи има 21 година и во моментов важи за најдобар романски фудбалер. По кратката авантура во Фиорентина се врати во Виторул Констанца каде тренер е татко му, а од таму отиде во белгиски Генк. После само 6 месеци Стивен Џерард го носи на позајмица во Глазгов Ренџерс и малиот Јанис Хаџи веќе му се оддолжува на Стиви.