Се следат, се поштуваат и се бодрат едни со други. Пријателството меѓу навивачите на Шалке и Вардар трае 15 години, а германските ултраси овој пат на средбата против Ајнтрахт Франкфурт со голем транспарент им го честитаа 20 годишниот јубилеј на Лојан Фанс.
По домашниот многу висок пораз од Кил, ракометарите на Вардар одново прикажаа ужасна игра, овој пат на гости против Веспрем кој им беше противник во последното финале во Келн. Не личи ова на европскиот првак.
Ние уште на северна не сме се навикнале, а овие од Веспрем каша попара направија на Твитер. Утре ќе барале одмазда, не против македонскиот, не против европскиот, туку против јужно-македонскиот првак. Бришете тоа, да не ви рипнат овие јужно од нас.
Во ова бедно лето на резултати на македонските екипи во Европа, особено на тутуруткине Шкендија кои се посрамотија со аматери од Естонија, а потоа во Луксембург му одеа главечки на судијата, време е за фини нешта.
На 56 годишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје, ќе се потсетиме на најтешкиот и најтажниот фудбалски натпревар на кој повеќе се слушало плачење отколку навивање.
Унгарски Веспрем, кој мораше да се поклони пред Вардар во финалето на ЛШ, имаше сосема добра сезона зошто ја освои титулата во домашното првенство и играше финале на Куп. Од клубот твитнаа интересна листа на најсилни удари сезонава. Многу високо котира Деки Манасков.
На 13. јуни 1993 година под „Тумбе Кафе“ во Битола требаше да се одигра големото дерби меѓу ривалите од Битола и Скопје. Поради нереди на навивачите и влегување на терен, мечот воопшто не се одигра. Кога ќе види човек колку луѓе имало тогаш на стадион, а колку денес, се прашува каде ја утнавме работата.
Пред него се исправија двајца гиганти, од кои неговиот сонародник и колега од репрезентацијата, Блаж Благотиншек е три глави посивсок од Скубе. Ама тоа не му сметаше на Сташ да го измрда од место џинот.
Вардаровите песни и еуфоријата од „Ланкес арената“ синоќа се префрлија пред хотелот каде што беа сместени ракометарите на Вардар. Пред автобусот беше г`з преку глава од луѓе, а Столе едвај го додржа пехарот и потоа му го предаде на џинот.
Додека навивачите на Вардар го чекаа европскиот првак да пристигне пред хотел, со асистенција на двајца Германци извадија едно од знамињата и на јарболот закачија македонско. Да се знае кој е кој во ракомет.
Зурли, тапани, ора, бакљи, петарди, димни бомби, свирежи од коли, пива, полиција на сите страни. Во центарот на Скопје вечерва е ванредно стање. Да не знае човек дали е ова 2017-та или 2019-та. Тотална лудница.
Ако некој во изминативе години знае до максимум да не наполни со адреналин и да ни го качи притисокот тоа е дефинитивно Вардар. Губеа 7 разлика на полувреме од моќната Барселона, но во второ полувреме направија тотално лудачки пресврт и ја повторија историската 2017-та.
По 196 меча во Лигата на шампионите, четири најдобри тима во Европа ќе се борат за вредниот трофеј на 10. издание на Фајнал Фор, на 1 и 2 јуни во Келн. Меѓу нив е и скопски Вардар.
Ако ЕХФ треба да бира фотографија на годината, еве им ја. Се случи пред салата Јане Сандански во очи на мечот меѓу Вардар и Веспрем. Реткост е ова, особено на наши простори. Браво за фотограф Кочо кој се нашол на право место.
Ракометарите на Вардар го загубија тешкиот меч против Веспрем, а со тоа и втората позиција во групата за која се води грчевита битка. Штета за поразот, бидејќи момците на Парондо одиграа фантастично прво полувреме во кое се изборија за +5.
Деновиве популарно на Фејсбук е да ставиш слика од тоа како си изгледал во 2009-та и една од 2019-та и да го пишеш хаштагот #10YearChallenge. Ајде и ние да бидеме популарни и да видиме што има на таа тема на спортски план.