Кога Марио играше за Интер беше уште позелен од сега, бидејќи имаше 18, 19 години. Жозе го викнал на состанок во канцеларија, а слепецот отишол квалификации за Формула 1 да гледа.
По триумфот над Сервет од Швајцарија во ЛЕ, додека Мурињо даваше изјава, го викна до него 19 годишниот Франческо Д`Алесио од Примавера на кој ноќта му овозможи на дебитира во прв тим. Потоа во свој стил раскажа една куса и убава случка, која се разбира оди во прилог на неговиот имиџ. Еј кој курназ е.
Рома пред Мурињо во 96 години одиграла само две европски финалиња. Дојде Мурињо и тоа го оствари во само две сезони. На свој начин, со бункер, ама и тоа се брои. Погледне го колку се радуваше.
Рома ја совлада Сампдорија со 3:0 и остана во мртва трка за место во ЛШ, за разлика од гостите кои се повеќе се движат накај втора лига. Навивачите на Рома го навредуваа Станковиќ и му скандираа zingaro (циган), но Мурињо кој му беше тренер на Деки во Интер, се обидуваше да ги смири.
Рома загуби 2:1 на гостувањето против Наполи, а Елмас влезе во игра во 69-та минута. Задоволен од тимскиот дух, Жозе Мурињо побарал од играчите да овековечат една заеднична фотографија после поразот. Фудбалерите и не се нешто воодушевени од идејата.
Во првите 10 кола премиерлигашите добија 32 пенали. Најважниот го промаши Ријад Марез (во дербито со Ливерпул на Енфилд), најeфективниот го изведе Жоржињо од Челси против Хадерсфилд, а најозборуваниот пенал го шутираше Погба.
Од шест натпревари синоќа во ЛШ предвидени да почнат во 21, само Манчестер Јунајтед - Валенсија доцнеше со почеток затоа што Мурињо и екипата стигнале многу доцна на стадионот поради гужви во сообраќајот низ градот.
По триумфот над Лестер во отворањето на сезоната, Манчестер загуби на гости од Брајтон 3:2 па дома од Тотенхем 0:3. Резултати по кои се знае дека ќе следува прес конфренеција во негов стил.
Пред големото дерби Манчестер Јунајтед - Арсенал во неделата попладне, двете легенди кои ги обележаа претходните децении се сретнаа на „Олд Трафорд“. Французинот доби големи овации од ривалските навивачи.
Во историјата на Реал Мадрид играл само еден стопер од Франција - Луи Хон. Тој настапувал за „кралевите“ во ’50-те години и бил еден од првите европски легионери. Денес негов наследник е Рафаел Варан.
Во годината со која се поздравивме имаше многу настани кои ќе се раскажуваат уште долго време. Прошталните средби на Тоти и Чаби Алонсо, хет-трикот на Меси за пласман на Светско, смешниот Мамаду Сако, голманот на Мајнц и уште многу други.