Овации, банери, автограми и сликања од домашни навивачи и играчи. 120 новинарски барања во град со помалку од 200.000 жители, карти на црно до 6.000 евра, реакција од публиката на секое негово додавање. Ремс синоќа беше во транс.
Фразата „талент на генерација“ и „наследник на Меси“ веќе стана потрошена до крајни граници, но еден низок млад дечко со волшебна лева нога до толку ги натерал сите околу него да се вљубат во неговата игра што на 18 години доби понуда која е невозможно да се одбие.
Најчести асоцијации на прослава на гол се оние на Стариџ, Гризман, Мбапе па и салтата на Миро Клосе на времето. Најдобрите играчи на денешницата Кристијано Роналдо и Лионел Меси исто имаат свои автентични прослави на голови.
Најдобриот бомбардер во Ла Лига игра за Жирона. Се вика Кристијан и станува збор за центарфор кој постигна 11 гола на 12 меча досега во Примера. Меси по мајсториите против Еспањол има исто толку голови, а Аспас и Суарез имаат еден помалку.
Иако има годишен буџет од околу 30 милиони евра, фамозната академија на Барселона - „Ла Масија“ долго време се нечкала дали да потпише договор со малиот Лионел Меси чие семејство барало изнајмен стан, патни трошоци и плаќање школарина.
На 14. февруари годинава 19-годишниот Николас Круз со автоматска пушка уби 14 ученици и 3 наставници во школо на Флорида. Бројот на жртвите можел да биде многу поголем ако не бил 15-годишниот Ентони Боргес.
Во годината со која се поздравивме имаше многу настани кои ќе се раскажуваат уште долго време. Прошталните средби на Тоти и Чаби Алонсо, хет-трикот на Меси за пласман на Светско, смешниот Мамаду Сако, голманот на Мајнц и уште многу други.