Канцелариите на Јувентус деновиве се размонтирани од претреси. Спортскиот директор Федерико Керубини поминал околу 9 часа во испрашувања. Андреа Ањели итно свикал состанок со најголемите акционери во клубот, а акциите на Јуве паднале за 34%.
За сомнежите на луѓето од управата и фудбалерите на Ајакс дека играчите на Јувентус биле намерно допингувани за финалето од Лига на шампиони 1996-та на „Олимпико“ во Рим, јавноста не знае баш многу. Италијанците жустро негираат каква било вина и бурно реагираат.
Сезонава Фабио Кваљарела се исправи како борец - не многу разговорлив, неизбричен и уверен. На 22 меча постигна 23 гола и стана ударна игла во нападот на препородената Сампдорија со нејзиниот тренер Марко Џампаоло. Но патот до тука му беше пеколен.