Во текстот кој го објавивме во пресрет на прогласувањето, во кој се предвидуваат можните потенцијални добитници на годинешнава Нобелова за литература, и покрај големиот број спомнати имиња, едно фали. Она на авторот кој денес се закити со ова високо признание.
Ако сте го гледале Малена, знаете дека секоја жена што успеала да процвета во Втора светска војна на страната на непријателот завршува на сред плоштад, со искинати алишта, пребиена и со избричена глава. Но, не и Коко Шанел.
Колку и да звучи чудно, „О, леле Боже!“ (ОЛБ или OMG) не е измислено од некој роден во 2000-тите, или од твитерџија. Прв пат кратенката е употребена во септември 1917, во писмо упатено до Черчил.
Текстов се однесува на Евреите од Солун, кои на почетокот на 20-от век беа една од доминанатните заедници во градот. За неколку дена 50.000 Евреи биваат депортирани и убиени во наци логорите. Оние малкумина кои имаат среќа да се вратат, наидуваат на град кој е глув за она што им се случило. И така со децении. Ситуацијата сака да ја смени градоначалникот со потекло од Крушево.
„Никогаш не прифаќај помалку отколку што заслужуваш, заложи се за луѓето што ги сакаш, следи си го срцето“ - ова не се совети од некоја современа феминистка, туку од жена која пред повеќе од два века знаела нешто за човечката психологија, која не се менува толку лесно.
Според една калкулација, за секој еден Американец кој загина во борба со Германците, има 80 советски војници кои загинаа правејќи го истото, пишува Ишан Тарур во текстот за Вашингтон пост.
Деновиве (и не само деновиве) кај нас е актуелна темата со расфрлањето отров по улици со кој се трујат уличните животни. Но во екстремни околности низ историјата луѓето се решавале сами да ги еутаназираат своите миленици. Оваа книга зборува за една таква трагедија, која се случувала непосредно пред Втората светска војна.
Неодамна откриен есеј (сред американски музеј) од 1939 покажува дека британскиот премиер бил отворен кон можноста за постоење на живот на други планети, и тоа речиси под истите услови кои и денес се сметаат за неопходни.