Македонската спортска јавност откорна коси од нервоза за да види некој голем историски успех во независна Македонија. Годинава тоа конечно се случи и затоа 2017-та може слободно да се каже дека во фудбал и ракомет се искачивме на едно повисоко скалило на кое сите сакаме да останеме.
Познатите светски букмејкерски сајтови ја сметаат селекцијата на Македонија за тотален аутсајдер, но нашите бисери покажаа дека најдобро се снаоѓаат во таквата улога и може да бидат „нагазна мина“ за фаворитите.
Ако некогаш бевме навикнати на вестите од извештаите на Македонија У21 која редеше пораз до пораз, во категоријата на фудбалери до 21 година веќе две години атмосферата е сосема поинаква.