Ниедна претходна медиумска технологија не била толку лична, персонализирана и интимна, но и толку споена со човечкото тело, како мобилниот телефон. Една навидум банална работа, изборот на рингтон, веќе некое време го тестирам од чиста љубопитност на јавен простор.
Нашите технолошки продолжетоци ќе ја обавуваат валканата работа а ние, ко аристократија, ќе пиеме некој чај и ќе си зборуваме за филмчиња. Е не, ко сељаци ќе се потиме и ргаме.
Основачот на Викиликс не влезе ни во последната листа на помилувања која Доналд Трамп ја достави за извршување пред да ја напушти функцијаta. Помилувани се советници, донатори, рапери, но не и Џулијан Асанж. Помилување не доби ни нашиот Тајгер Кинг.
Трамп се покажа како кукавица а неговите приврзаници, ако навистина им е до каузата, би требалко да гласаат за Сандерс, оценува словенечкиот филозоф. „Да се надеваме дека она што се случи на шести јануари во Вашингтон ќе стави крај барем на бесрамното испраќање американски набљудувачи на избори во други земји за да ја оценуваат нивната правичност“, порачува Славој Жижек.
Што ли ќе правевме да имавме само четири прста? Ќе се мачевме да смислиме волку едноставен и лесно разбирлив гест, кој често е првиот и единствен одговор на неправдите кои нè опкружуваат.
Познатиот словенечки филозоф, дојден во Скопје како поддршка на неговата сопруга Јела Кречич, која го промовираше македонското издание на својот роман „Нема друга“ во рамки на фестивалот Букстар а во издание на Антолог, на настанот беше запоседнат од луѓе кои сакаа да поразговараат и да се сликаат со него.
Не дека ваква сплетка не можеше да се очекува. Откако заради разочараност со капитализмот голем број десничарски движења од Источна Европа тргна во уште една пресметка со комунизмот, логото на холандското пиво Хајнекен се наметна како сериозен предизвик во оваа идеолошка забуна: симбол на продорот на капитализмот со петокрака на шишето. Не само тоа, неретко на либералите ова лого им претставуваше клуч во одбраната од нападите од десно.
„Не можам да имам секс за една ноќ. Во Љубљана точно можете да погодите со кои жени сум спиел. Со сите се имам оженето“, вели меѓу другото Славој Жижек во мозаичниот текст за тоа како е да се биде лош татко, за агресијата која во него расте и за тоа како скрибоманството му го спасило животот.